Нико Белиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нико Белиќ
Лик од Grand Theft Auto IV
Niko Belic.jpg
Толкуван од Мајкл Холик[1][2][3]
Серијал игри Grand Theft Auto
Прва игра Grand Theft Auto IV
Место на Живеење Либерти Сити

Никола „Нико“ Белиќ (англиски: Niko Bellic) е измислен лик кој се појавува во играта Grand Theft Auto IV. Тој е протагонист во играта и единствениот лик во Singleplayer модот кој играчите можат да го контролираат. Гласот на овој лик е толкуван од страна на Мајкл Холик.

Биографија[уреди]

За време на играта, Нико има 30 години. Тој израснал во Босна. Неговиот татко бил насилник кој не верувал во него, а неговата мајка, Милица Белиќ, се грижела за него и била тажна бидејќи такво љубезно дете како Нико, треба да израсне во такво сурово место. Нико имал и брат кој бил убиен, но никогаш не дознал како и зошто. Како тинејџер, Нико се борел во Босанската Војна, каде што бил сведок на голема суровост која влијаела на неговиот живот, давајќи му голема омраза и циничност. Одредувачки момент во војната за Нико бил кога неговата армија која вклучува околу 15 млади војници, била нападната од непријателот. Нико успеал да избега, но другите војници од армијата биле убиени.

Кога војната завршила, Нико не можел да најде работа. Неговиот братучед, Роман, се преселил во САД за да започне нов живот во Либерти Сити. Нико дознава дека двајца војници ја преживеале заседата во која неговата единица била убиена, и дека еден од нив - Дарко Бревиќ, ги предал на непријателот.

Во потрага по Дарко Бревиќ, Нико стигнува во Либерти Сити каде што ја прифаќа понудата на неговиот братучед Роман, за заедно да го живеат "Американскиот сон". Нико брзо сваќа дека не е сè така розево како што Роман претходно го опишувал, и дека тој длабоко заглавил во долгови, и имал недовршени работи со некои опасни криминалци. За да го спаси својот братучед, Нико ќе мора да се впушти во криминалните води, и да почне да убива и да се бави со илегални работи.

Дизајн на ликот[уреди]

Нико Белиќ е дизајниран врз основа на споредната улога „Саша“ во филмот „На непријателска територија“ (англиски: Behind Enemy Lines) толкувана од рускиот глумец Владимир Машков. Облеката, фризурата, ракавиците, па дури и гребнатинката на левата веѓа на Нико, се совпаѓаат со изгледот на „Саша“.

Наводи[уреди]