Florence and the Machine

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Florence and the Machine

Florence and the Machine во Лондон 5 август 2007
Биографски податоци
Потекло Лондон,Англија
Жанрови Инди поп, инди рок, барок поп, арт рок, соул
Инструменти Вокали, гитара, клавијатура, програмирање
Период на активност 2007 до сега
Издавачи Moshi Moshi, IAMSOUND, Island
Мреж. место florenceandthemachine.net
Членови
Флоренс Велч
Роберт Акројд
Кристофер Лојд Хајден
Изабела Самерс
Том Монгер
Марк Саундерс
Поранешни членови
Девонт Хајнес

Florence and the Machine (стилизирано и како Florence + the Machine)[1] e името на англиската инди рок група каде пејачка е Флоренс Велч во соработка со други музичари. Музиката на бендот е опишана како комбинација од повеќе жанрови вклучувајќи рок и соул[2][3] . Музиката на Florence and the Machine добила многу награди посебно од BBC кои имаат голема улога во напредокот на нивната кариера така што ја промовирале групата како дел од BBC Introducing.[4]

Нивниот прв албум Lungs е издаден на 6 јули 2009 година и се задржа на второто место првите пет недели по неговото издавање на UK Albums Chart.[5] На 17 јануари 2010 година албумот ја постигнал топ позицијата задржувајќи се дваесет и осум недели на листата.[6] Aлбумот се задржал шеесет и пет недели на топ листата во Обединетото Кралство што го направило еден од најдобро продаваните албуми на 2009 и 2010. Florence and the Machine имале изведба на 2010 MTV Video Music Awards и на 2010 Nobel Peace Prize Concert (Нобелова награда за мир). Изјавено е дека бендот е номиниран за Најдобар Нов Артист (Best New Artist) на 53 Греми Награди, но наградата отиде кај Есперанца Спалдинг

Членови на бендот[уреди]

Флоренс Велч[уреди]

Флоренс Леонтин Мери Велч (анг. Florence Leontine Mary Welch; родена на 28 август 1986 (24 години) Лондон) е ќерка на Евелин Велч, професор по ренесансна[7] и Ник Велч. Таа е внука на сатиристот Крег Браун.[8]

Велч се образувала во чулиштето Thomas's London Day School, потоа одела во училиштето Alleyn's School, во источно-јужен Лондон каде што академирала.[9] Велч често имала проблеми во училиштето поради омпровизацијата со пеење.[9] На Велч и се дијагнозирани дислексија, дисметрија,[10] а таа верува и дека пати од инсомнија.[9] Откако завршила со училиштето, Флоренс студирала на Camberwell College of Arts пред да почне да се фокусира на музиката.[9] Велч била фасцинирана од теророт и смртта кога умреле нејзините баба и дедо. На 10 години Велч била сведок на влошувањето на нејзиниот дедо, и на самоубиството на нејзината баба по мајка, кога Велч имала 14 години.[9] Кога Велч имала 13 години заедно со мајка ѝ се преселила кај нивните соседи кои што имале три деца. Според Велч: „Сега се согласуваме многу добро, но тогаш беше кошмар. Јас само седев во мојата соба и танцував наоколу“.[11]

Останати членови[уреди]

Изведба на бендот во Terminal 5, Њујорк Сити.

The Machine е името кое им е дадено на другите музичари кои соработуваат заедно со Флоренс Велч. Ова име дошло од соработката на Велч со Изабела "Machine" Самес додека била тинејџерка. Велч и Самерс изведувале заедно одредено време под името Florence Robot/Isa Machine.. Подоцна ова име било сменето во Florence and the Machine бидејќи било многу досадно.

Моментално бендот заедно со Велч го сочинуваат и: Роберт Акројд (гитара и пратечки вокал), Крис Хајден (тапани и перкусије), Изабела Самерс (клавијатура и пратечки вокал), Том Монгер (харфа и гитара), Марк Саундерс (бас гитара).[12] Велч соработувала токму со тие луѓе бидејќи тие го разбирале нејзиниот креативен процес на создавање на музика тврдејќи: "Јас работев со повеќето од нив долго време и тие го знаат мојот стил, го знаат начинот на кој јас пишувам, тие знаат што сакам јас.”

Биографија[уреди]

Рани години[уреди]

Според Велч, "Името Florence and the Machines почна како приватна шега. Јас правев музика со мојата пријателка, која ја викавме Изабела Машин (Machine), а таа мене ме викаше Флоренс Робот. Кога за еден час трбаше да ја изведувам мојата прва свирка, јас сеуште немав име, па решив да помислив 'OK, ќе бидам Florence Robot/Isa Machine', пред да сватам дека тоа име е толку долго што ме прави нервозна".[9][13] Во 2006 година, изведбите на Велч со Изабела Самерс, под тогашното име Florence Robot/Isa Machine почнала да привлекува внимание во малите лондонски населби.

Во 2007 година Велч соработувала со бендот Ashok кој издал албум наречен "Plans" со помош на издавачката куќа Filthy Lucre/About Records. Тој албум ја вклучувал пораната верзија на хитот "Kiss With a Fist", кој тогаш бил наречен "Happy Slap".[14] Таа потпишала договор со Ashok со менаџер, но чувствувајќи дека е во "погрешен бенд" го напуштила бендот.[9] Менаџер на Florence and the Machine е Маирид Наш, кој одлучил да биде нивен менаџер кога Велч го следела Наш во тоалетите на некој клуб и ја пеела песната од Ета Џејмс, "Something's Got A Hold On Me".[15]

Lungs (2008–сега)[уреди]

Florence and the Machine го издале нивниот прв албум Lungs во Обединетото Кралство на 6 јули 2009 година..[16] Албумот се искачил на првото место во Обединетото Кралство и на 13 позиција во Европа. Од 6 август 2009 година албумот има продадено повеќе од 100 000 копии во Обединетото Кралство и од 10 август албумот бил на втората позиција пет недели.[17][18]

Трет неименуван албум (2011)[уреди]

Во NME Магазин, на 30 март 2010 година, Велч кажала повеќе детали за издавањето на вториот студиски албум.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Florence and the Machine.
Студиски албуми
EPs

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]

  1. „Florence + the Machine“. florenceandthemachine.net. http://florenceandthemachine.net/. конс. 21 Март 2010. 
  2. Florence and the Machine. Allmusic.
  3. Rey, Benedicte (16 Ноември 2009). „Florence + The Machine: the voice that bewitched pop“. AFP. http://www.google.com/hostednews/afp/article/ALeqM5gPwuQ8PR48a92Z64sDaaXNRTNDvw. конс. 21 Март 2010. 
  4. BBC Introducing Profile: Florence and the Machine
  5. Sexton, Paul (3 Август 2009). „Michael Jackson, Black Eyed Peas Control U.K. Charts“. „Billboard“. Nielsen Business Media, Inc. http://www.billboard.com/#/news/michael-jackson-black-eyed-peas-control-1003999573.story. 
  6. Florence And The Machine's 'Lungs' finally tops UK albums chart. NME. Retrieved 7 Март 2010.
  7. „Professor Evelyn Welch, Queen Mary, University of London“. http://www.english.qmul.ac.uk/staff/welche.html. 
  8. Florence and the Machine interview: sound and vision The Telegraph 4 Јуни 2009
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Patterson, Sylvia. „Behind the success of Florence and the Machine“, TimesOnline.co.uk, 20 Септември 2009 (конс. 7 Март 2010).
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име runriot.
  11. Brinton, Jessica. „Florence and the Machine: Wild at Heart“, The Times, 31 Мај 2009.
  12. „Tom the Harpist in London“. http://www.tomtheharpist.com/london.html. 
  13. A piece of my mind: Florence Welch of Florence and the Machine HeraldScotland.com'.' Retrieved 6 Март 2010.
  14. Parkin, April. „Ashok - 'Plans' (Filthy Lucre)“, „Gigwise“, 4 Април 2007 (конс. 30 Јануари 2011).
  15. Ryan, Francesca. „Telegraph's Florence and the Machine interview: Sound and Vision“, „The Daily Telegraph“, 4 Јуни 2009 (конс. 2 Мај 2010).
  16. „Radio 1 Chart Show“. BBC. http://www.bbc.co.uk/radio1/chart/albums.shtml. конс. 12 Јули 2009. 
  17. „INTERVIEW: Florence and the Machine“. „Yorkshire Evening Post“. 6 август 2009. http://www.yorkshireeveningpost.co.uk/music-gigs/INTERVIEW-Florence-and-the-Machine.5531322.jp. 
  18. „Michael Jackson Extends UK Album Chart Run, Tinchy Stryder Notches Second Top Single“. „Billboard“. 10 август 2009. http://www.billboard.com/news/michael-jackson-extends-u-k-album-chart-1004001887.story#/news/michael-jackson-extends-u-k-album-chart-1004001887.story.