Cosmic Love

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Cosmic Love“
Flo cosmic-love 200.jpg
Сингл од Florence and the Machine
од албумот Lungs
Страна Б "You've Got the Love"
Издаден 5 јули, 2010
Формат ЦД сингл, грамофонска плоча, музички доунлоуд
Снимен 2007-08
Жанр инди рок, инди поп барок поп
Должина 4:16
Издавачка куќа Universal Island, Moshi Moshi, IAMSOUND
Композитор Флоренс Велч, Изабела Самерс
Продуцент Стифен Маки
Хронологија на синглови на Florence and the Machine
"Dog Days Are Over"
(повторно издавање)
(2010)
"Cosmic Love"
(2010)
"Heavy in Your Arms"
(2010)

"Cosmic Love" е песна од бендот Florence and the Machine, како шести (седми, после повторното издавање на "Dog Days Are Over") сингл од нивниот прв студиски албум Lungs. Песната е издадена од издавачката куќа Moshi Moshi Records, на 5 јули, 2010 година во Обединетото Кралство.

Музичко видео[уреди]

Промоционалното музичко видео за песната е снимено на 24 март, 2010 година. Менаџерот на Велч, Мејрид Неш, го опишал видеото како "чудесно". [1] Видеото се нашло на официјалната страница на бендот на 11 мај, 2010.[2]

Видеото започнува со светилка која трепка. Потоа може да се види Велч како поминува покрај дрвја со пожолтени лисја, и светло ќе падне во нејзините очи и таа ќе викне. Подоцна Велч е прикажана како лежи на подот во црна облека, во соба со огледала и со светла во различни бои околу неа. Таа ќе стане и ќе почне да танцува во собата. Потоа повторно е прикажана Флоренс, како поминува покрај есенските лисја, со сини, зелени и виолетови светла кои светат на неа. Сцената кога Велч е во собата со светла, подоцна ќе се затемни и нејзините алишта ќе се променатво бел фустан, со светла. Подоцна во една сцена листвите ќе ја заобиколат додека таа танцува. Видеото завршува со Флоренс, во чии гради има светло кое ќе се ослободи во воздухот, и ќе стигне во светилката.

Наводи[уреди]