Дислексија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дислексија
Класификација и надворешни извори
МКБ-10 R48.0
МКБ-9 315.02
OMIM 127700
DiseasesDB 4016
MedlinePlus 001406
MeSH D004410

Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како "б" и "д" или "п" и "н". Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат. Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.

Вообичаени симптоми:[уреди]

  • Преместување на буквите;
  • Тешкотии во читањето;
  • Детето тешко може да ги запомни зборовите, дури и оние кои штотуку ги прочитало.

Што може да се превземе?[уреди]

Дислексијата не треба да пречи во образованието на детето. Ако болеста се открие доволно рано и детето добива помош во училиштето од психолог и педагог, тоа ќе може да ги надмине тешкотиите. Со такво дете најдобро е да се обрнува внимание на неговите способности кои се неповрзани со писмените знаци. Поддржувајте го творечкиот и конструктивниот карактер на другите активности, за да не ја загуби детето самодовербата што подоцна може да предизвика и нарушување во неговото однесување. Децата кои страдаат од дислексија, имаат потреба од поддршка и совет. Исклучително важно е да не мешаат нивните тешкотии во читањето со заостанување во менталниот развој или со било какви оштетувања на слухот и видот.