Dog Days Are Over

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Dog Days Are Over“
DogDaysAreOver F&M.jpg
Сингл од Florence and the Machine
од албумот Lungs
Страна Б "You've Got the Love"
Издаден 1 декември, 2008[1]
12 Април, 2010[2] (повторно издавање)
Формат ЦД сингл, грамофонска плоча, музички доунлоуд
Снимен 2007-08
Жанр Поп-фолк, фолк рок арт рок
Должина 4:10
Издавачка куќа Universal Island, Moshi Moshi, IAMSOUND
Композитор Флоренс Велч, Изабела Самерс
Продуцент Џејмс Форд, Изабела Самерс
Хронологија на синглови на Florence and the Machine
"Kiss with a Fist"
(2008)
"Dog Days Are Over"
(2008)
"Rabbit Heart (Raise It Up)"
(2009)
„Алтернативен омот“
Dog days are over 2010 flo.gif
Омотот користен за повторно издавање
Сингл од Florence and the Machine


"Dog Days Are Over" е вториот сингл издаден од бендот Florence and the Machine од нивниот прв студиски албум, Lungs. Оригинално песната требало да биде издадена на 24 ноември, 2008, со помош на изадвачката куќа Moshi Moshi Records, во Обединетото Кралство, но била издадена подоцна на 1 декември, 2008. Еден ден подоцна, на 2 декември, 2008 синглот е издаден во САД преку издавачката куќа IAMSOUND Records. Страна Б на синглот е песната "You Got the Love". Демо верзијата на синглот "Dog Days Are Over" може да се најде на второто издание од албумот Lungs. Синглот се искачил меѓу првите триесет синглови на листите во Канада, Ирска, Обединетото Кралство и САД.

Позадина и издавање[уреди]

"Dog Days Are Over" била снимена без инструменти во "многу мало студио". [3] Песната ја напишала Изабела Самерс, со помош од Флоренс Велч.

Повторно издавање-2010[уреди]

Песната е повторно издадена во Обединетото Кралство на 11 април, 2010 година, со ново музичко видео. Кога ја прашале Флоренс зошто песната има две музички видеа таа кажала "Првото видео беше многу евтино. Беше снимено со видео камера во шума, со мојот татко и сендвичите на Marks & Spencer."[4]

Музичко видео[уреди]

Првото музичко видео за песната е спуштено на Јутуб, на 6 ноември, 2008 година. "Видеото го направив набрзина. Отидовме во шумата и имавме само една камера. Му дадов на татко ми да облече костум од кловн, а на внукот на мојот пријател му реков да се облече како бебешки кловн додека другите ја декориравме шумата. Беше навистина интересно." [5] Видеото започнува со Флоренс, која лежи во шумата, а до неа ќе се појави еден кловн и ќе ѝ заврзе марама околу очите. Кловнот ќе ја носи Флоренс до место каде се собрани повеќе кловнови и Флоренс ќе ја тргне марамата од очите. Кога ќе ги види ќе почне да бега, но трчајќи ќе падне и ќе остане да лежи на земјата, а тогаш ќе ја стигнат кловновите и ќе почнат да ја облекуваат Флоренс како нив. Потоа таа оди и танцува со нив, а на крајот на видеото ќе замине од шумата заедно со двајца луѓе.


Наводи[уреди]

  1. Moshi Moshi (1 декември 2008). „Florence And The Machine - Dog Days Are Over :: Moshi Moshi Shop“. Moshimoshi.greedbag.com. http://moshimoshi.greedbag.com/buy/dog-days-are-over/. конс. 14 септември 2010. 
  2. „Florence + The Machine* - Dog Days Are Over (Vinyl) at Discogs“. Discogs.com. 24 јуни 2010. http://www.discogs.com/Florence-And-The-Machine-Dog-Days-Are-Over/release/2237376. конс. 14 септември 2010. 
  3. Cochrane, Greg. „BBC - Newsbeat - Music - Florence & The Machine win a Brit“, BBC News, 12 декември 2008 (конс. 14 септември 2010).
  4. „Flo’s full of Frizz | The Sun |Showbiz|Bizarre“. The Sun. 10 март 2010. http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/showbiz/bizarre/2886112/Flos-full-of-Frizz.html. конс. 14 септември 2010. 
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име songfacts1.