Kiss with a Fist

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Kiss with a Fist“
KISSWITHAFIST(FATM).jpg
Сингл од Florence and the Machine
од албумот Lungs
Страна Б "Hospital Beds", "Postcards From Italy"
Издаден 9 јуни, 2008
Текстописец Флоренс Велч, Изабела Самерс, Мет Алчин
Формат ЦД сингл, музички доунлоуд, грамофонска плоча
Снимен 17 ноември, 2007
Жанр Инди рок,
Должина 2:04 (албум верзија)
2:07 (видео верзија)
2:14 (сингл верзија)
Издавачка куќа Universal Island, Moshi Moshi, IAMSOUND
Продуцент Стифен Маки
Хронологија на синглови на Florence and the Machine
"Kiss with a Fist"
(2008)
"Dog Days Are Over"
(2008)

„Kiss with a Fist“ е името а првиот сингл од инди поп групата Florence and the Machine. Оваа песна се наоѓа на нивниот прв студиски албум Lungs (2009). Песнава се наоѓа на дискот со пессни на филмот од 2009, Jennifer's Body, а исто така и на филмовите Wildchild, Community (Сезона 1, Епизода 12 - "Comparitive Religion"), Cougar Town (Сезона 1, Епизода 3 - "Don't Do Me Like That"), Saving Grace и United States of Tara. Синглот е издаден во Обединетото Кралство на 9 јуни 2008 година, со помош на издавачката куќа, Moshi Moshi Records и на 6 октомври 2008 во САД со помош на издавачката куќа IAMSOUND Records. Б страна на песната е песната "Hospital Beds"(песна од Cold War Kids, препеана од Florence and the Machine).

Позадина[уреди]

"Kiss with a Fist", отпрвин се појавила под името "Happy Slap" на првиот (и единствен) албум на бендот Ashok (претходниот бенд на Флоренс Велч), Plans со наполно ист текст. [1] "Kiss with a Fist" е петтата песна од албумот Lungs. Оваа песна е најкратката песна од албумот Lungs, и е напишана од Флоренс Велч, Изабела Самерс и Мет Алчин. Во песната свират Кристофер Лојд Хајден на тапани, Роберт Акројд на бас гитара и Тим МекКал на гитара.

Значењето на песната збунило многумина. Според стиховите некои луѓе помислиле дека во песната се работи за домашно насилство, но Флоренс тоа го негирала. Таа го објаснила значењето на песната на MySpace:

"Kiss with a Fist" НЕ Е песна за домашно насилство. Тоа е аз двајца луѓе кои се караат но сè уште се сакаат. Песната не е за некоја нападната личност, ниту за физичко насилство, нема жртви во песната. Некогаш љубовта на двајца луѓе е уништувачка сила. Но таа ги држи заедно и тие уживаат во нивните караници. Единствен начин да се искажат тие чувства е со голема имагинација и фантзија и ништо во песната не е базирано на вистински настан.Песната од Леона Луис, "Bleeding Love" не е всушност за крварење и овааа песна исто така не е за тепање и насилство.

[2]

Музичко видео[уреди]

На 4 јуни, 2008 музичкото видео за "Kiss with a Fist" е ставено на Јутјуб пет дена после неговото официјално издавање. Режирано е од Прајс Џејмс, а продуцент е Џулија Фрост.

Наводи[уреди]