Цигански Рид (Оризари)

Координати: 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Од Википедија — слободната енциклопедија

Не го поистоветувајте со археолошкото наоѓалиште Цигански Рид во Кочани.

Цигански Рид


Местоположба 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Основни податоци
Место Оризари
Општина Кочани
Тип

 населба


Период неолитско време
железно време
римско време
Портал „Археологија“

Цигански Ридархеолошко наоѓалиште во населбата Оризари кај Кочани. Претставува населба од неолитското, железното и римското време. Се наоѓа на самиот влез на населбата, непосредно пред раскрсницата каде што од асфалтниот пат Кочани-Делчево се одвојува патот за Оризари. Се работи за коса падина од левата страна на Оризарска Река, на која во неколку ниви се забележува неолитска керамика слична на керамиката во Вршник (Таринци, Штипско), фрагменти со фактура и орнаментика типични за железното време, како и фрагменти од керамички садови и питоси од римското време. Тука е најдено и едно вотивно сатче во облик на чашка од афион изработено од керамика што се чува во Заводот и музеј во Штип.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.