Холбек

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холбек

Грб
Холбек се наоѓа во Данска
Холбек
Location in Denmark
Координати: 55°43′ СГШ 11°43′ ИГД / 
Население (2012) 27.195
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Postal codes
Портал http://www.holbaek.dk

Холбек е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени места, претставува општина, Општина Холбек.

Денес Холбек има околу 27.000 жители во градот и околу 70.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди]

Холбек се наоѓа во источниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот Холбек е оддалечен само 70 километри западно.

Релјеф: Градот Холбек се наоѓа во средишниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е типично за данските услови. Надморската височина на градот Холбек се движи од 0 до 30 метри.

Клима: Климата во Холбек е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Холбек се формирал на крајот на заливот Исе, кој претставува дел од Северно Море.

Историја[уреди]

Подрачјето Холбек било населено уште во времто на праисторијата. Денешната населба прв пат се споменува во 1199 година.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди]

Денес Холбек има околу 27.000 жители во градските граници и околу 70.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Холбек до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]