Холандска банка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Холандската банка (холандски De Nederlandsche Bank - DNB) е централна банка на Холандија, задолжена за спроведување на монетарната политика на ЕЦБ на територијата на Холандија и за супервизија на банкарскиoт систем. Исто така, таа претставува дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).


Правна и организациона форма[уреди]

Холандската централна банка е јавно друштво со ограничена одговорност чија секојдневна политика ја води Управниот одбор. Таа има и Надзорен одбор, а покрај тоа постои и советодавно тело наречено Совет на банката. На јавно-правно ниво, Централната банка на Холандија има двојна функција, таа е дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и е независно јавно тело.[1]

Органи на управување[уреди]

Управен одбор[уреди]

Секојдневното управување на ЦБ на Холандија почива на Управниот одбор, составен од претседател и до пет извршни директори. Членовите на Управниот одбор се именувани од страна на Круната за мандат од седум години.

Надзорен Одбор[уреди]

Надзорниот одбор го надгледува управувањето на ЦБ и општите операции на јавно претпријатие. Надзорниот Одбор има голем број важни овластувања, како што се: одобрување на буџетот, годишниот извештај и одредени одлуки на Управниот oдбор и усвојување на годишната сметка. Еден член на Надзорниот oдбор е назначен од страна на владата.

Совет на банката[уреди]

Советот на банката дејствува како резонатор на Управниот одбор. Претседателот на ЦБ известува до ова тело за генералните економски и финансиски случувања и за политиката водена од страна на ЦБ. Советот може да го советува Управниот Одбор. Двајца членови на Надзорниот Одбор членуваат во Советот, вклучувајќи го и членот назначен од страна на владата. Советот на банката, понатаму е составен од претставници на социјалните партнери и финансискиот сектор, како и независни експерти.

Корпоративно управување[уреди]

ЦБ на Холандија е управувана од страна на Управниот одбор составен од претседателот на централната банка и четворица извршни директори, секој од нив назначен со кралски указ за период од седум години. Одборот работи на принцип на рамноправно управување. Во лично својство, претседателот е член на Управниот совет и на Генералниот совет на ЕЦБ. Надзорниот одбор врши надзор на управувањето и општите работи на ЦБ на Холандија и делува како советник на Управниот одбор.

Независност и тајност[уреди]

Холандската банка е одговорна за чување на финансиската стабилност на Холандија. Трите главни предуслови за финансиска стабилност се: ниска стапка на инфлација, безбедни плаќања и влијателни и здрави финансиски институции.

Две карактеристики се од суштинско значење за правилно извршување на активностите:

Корпоративна општествена одговорност[уреди]

Општествената одговорност е дел од мисијата на ЦБ. Таа вградува одржливост во сите активности и должности кои што ги извршува. Со вклучување на корпоративната општествена одговорност во годишното писмо за политиката на Управниот одбор и бизнис плановите на поделби, Холандската централна банка ја вклучила корпоративната општествена одговорност во клучните задачи на своите деловни операции. Предводници на корпоративната општествена одговорност се:

  • Понатамошно интегрирање на корпоративна општествена одговорност,
  • Свест за животната средина и одржливи набавки,
  • Интегритет и усогласеност,
  • Социјална политика,
  • Социјална посветеност.

Интегритет[уреди]

Холандската централна банка придава огромна важност на својот внатрешен и надворешен морал. Во нивниот кодекс на однесување стои: „Почитувани, однесувањето носи доверба, како во нашата институција така и во социјалната и економската сфера.“ Значењето на моралното однесување за нив е, исто така, очигледно од фактот дека моралниот интегритет е меѓу најосновните вредности на ЦБ на Холандија. Да се промовира чесно однесување на персоналот и организацијата, на на 1 јануари 2008 година е формиран Oддел за усогласеност и интегритет. Со своите осум припадници на персоналот, одделот ги има следните должности и одговорности:

  • Промовирање на свеста за интегритет помеѓу персоналот на ЦБ на Холандија,
  • Советување на Управниот одбор, врвниот менаџмент и персоналот за прашањата поврзани со интегритетот и политиката, по барање или на друг начин,
  • Идентификација и анализа на моралните ризици,
  • Понатамошен развој на политиката на ЦБ на Холандија за морален интегритет,
  • Следење на усогласеноста на прописите на ЦБ за морален интегритет.


Поделбата на директори и раководители на сектори ја носи главната одговорност за морално однесување внатре во рамките на нивните единици. Одделот за усогласеност и интегритет исполнува главно советодавна и мониторинг улога. Тој функционира независно од било какви поделби и оддели. Тоа значи дека шефот на одделот има директен контакт со претседателот на централната банка. Ако е потребно, шефот на одделот за усогласеност и интегритет исто така има пристап до Управниот oдбор на Холандската централна банка. Одделот поднесува редовни извештаи за своите активности до Управниот и Надзорниот oдбор.

Буџет[уреди]

Буџет[уреди]

Секоја година, Холандската централна банка составува буџет на планирани расходи кој е подвлечен со следните три прашања: Што сака ЦБ да постигне, како ќе го постигне тоа и колку ќе чини? Буџетот покажува како се предвидени јавните цели, активностите потребни за да се остварат овие цели и трошоците кои се вклучени.

Пред буџетот да биде одобрен од Управниот одбор, делот кој се однесува на надзорот се поднесува за совет до претставниците на институциите за супервизија. Потоа, Надзорниот одбор е тој што треба да го одобри буџетот, по што, делот кој што се однесува на активностите на ЦБ како самостоен државен орган е доставен до министрите за финансии и социјални работи и вработувања за одобрување.

Евросистем[уреди]

Холандската банка има голема улога во европски контекст. Од 1 јануари 1999 година, ЦБ на Холандија е членка на Евросистемот. Останатите членови се Европската централна банка и централните банки на другите земји кои што го имаат воведено еврото како нивна национална валута. Претседателот на ЦБ на Холандија членува во Управниот совет на Европската централна банка и на тој начин помага во одлучувањето за монетарната политика во евро-зоната. Управниот совет се состои од гувернерите на сите централни банки од евро-зоната и Извршниот одбор на ЕЦБ. Состанувајќи се двапати месечно Управниот совет одлучува со целосна независност за најдобра монетарна политика за сите земји од евро-зоната заедно. Одлуките не се поврзани со ниедна индивидуална национална или политичка корист.

Наводи[уреди]

  1. Холандска национална банка - правна и организациска форма

Официјална страна на ЦБ на Холандија



Надворешни врски[уреди]