Халдор Килјан Лакснес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Халдор Килјан Лакснес е роден како Халдор Гудјонсон во 1902 година во Рејкјавик, главниот град на Исланд.[1] Од 1995 година, Лакснес престојувал во старечки дом надвор од Рејкјавик. Лакснес умрел на 8 февруари 1998 година.

Халдор Лакснес

Биографија[уреди]

На три години, неговите родители се преселиле во Лакснес, фарма во близина на парохијата Мосфелсвејт, каде што Лакснес го минувал неговото детство. Лакснес го зел своето уметничко име токму од името на фармата. Пред да започне со пишување, Лакснес планирал музичка кариера. Од седумнаесетгодишна возраст почнал да патува и да живее во странство, главно на Европскиот континент. Првиот роман го објавил на 17 години. Неговите дела се под влијание на ескпресионизмот и другите модерни текови во Германија и Франција. Во средината на дваесеттите години го прифатил католицизмот; неговите духовни искуства се рефлектирале во неколку книги со автобиографска природа, главно, Undir Heldahnúk (Под света планина), 1924 година. Во 1927 година го објавил својот прв поважен роман, Vefarinn mikli frá Kasmír (Големиот ткајач Kaшмир). Религиозниот период на Лакснес не траел долго; во текот на посетата на Америка го привлекло социјализмот. Albydubókin (Книгата на луѓето), 1929 година, е доказ за промената кон социјалистичките погледи. Во 1930 година, тој се вратил во Исланд.

Стил[уреди]

Лакснес умешно го менувал својот стил од роман во роман, но во сите го задржал ироничниот хумор. Неговиот опус вклучувал над 60 дела: романи, драми, есеи, кратки раскази, мемоари и патописи. Најпознат е по својата проза што се заснова на тешкиот живот на рибарите и земјоделците и историските романи во кои ги комбинира традиционалните саги и митологија со националните проблеми.

Достигнувања[уреди]

Главните достигнувања на Лакснес се состојат од три циклуси на романи, пишувани во текот на триесеттите години, а се однесуваат на луѓето од Исланд. þú vínviður hreini, 1931 година и Fuglinn í fjörunni, 1932 година, (двата преведени како Салка Валка), раскажуваат приказна за сиромашно рибарско девојче; Sjálfstœtt fólk (Независни луѓе), 1934-35 година, говори за случувањата на малите земјоделци, додека јунакот на тетралогијата Ljós heimsins (Светлото на светот), 1937-40 година, е исландски народен поет. Подоцнежните дела на Лакснес се претежно историски и под влијание на сага-традицијата: Íslandsklukkan (Ѕвоното на Исланд), 1943-46 година, Gerpla (Среќните воини), 1952 година и Paradísarheimt (Враќањето на рајот), 1960 година. Лакснес е автор на тематската и полемична Atómstöðin (Атомска станица), 1948 година.

Награди[уреди]

Лакснес освоил неколку награди, меѓу кои:

  • Сталиновата награда за мир;
  • Данската награда Nexö;
  • наградата Сонинг
  • Нобеловата награда за литература - 1955 година.

Романот „Рибата може да пее“[уреди]

Дејството во романот Рибата може да пее е поставено во почетокот на дваесеттиот век и се фокусира на сиракот Алфгримур, неговите посвојувачи и малата заедница, отпорна на отпадниците и настраните луѓе што се собираат околу нив во Брекукот, нивниот имот на периферијата од Рејкјавик, така Алфгримур почнува да ги забележува политичарите, бизнисмените и оние што се качуваат по социјалната скала на Рејкјавик, така Алфгримур почнува да се пражува за својата иднина како внук на рибар, и сè повеќе се фасцинира од Гардар Холм, познатиот исландски „пејач со светска слава“, чиишто спорадични враќања во Исланд го поттикнуваат Алфгримур да си ги следи личните цели на самоизразување. Меѓутоа, како што открива дека Гардар не е она што се прикажува, почнува да се соочува со предизвикот на самопронаоѓање, без да врти грб на своето потекло. Ја открива вистинската вредност на момчешките искуства веднаш штом ќе трхне по патот што ќе го оддели од нив засекогаш. Оригиналното име на книгата на исландски е „Brekkukotsannáll“ (Анали од Брекукот).

Наводи[уреди]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010