Термобарско оружје

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Термобарското оружје се разликува од другите конвенционални оружја по тоа што го користи атмосферскиот кислород, наместо да носи оксидатор со себе. Повеќе имиња се карактеристични за ваков тип на оружје: HIT (англиски: high-impulse thermobaric weapons), FAE или FAX (англиски: fuel-air explosives), топлински и притисочни оружја, како и вакуум бомби. Начинот што го користат „создава“ многу поголема енергија за својата големина од било кое друго оружје од таков тип. Единствената лоша работа е што не е многу прецизно, односно не може прецизно да се контролира големината на нивниот ефект.

Содржина

Терминологија [уреди]

Зборот термобарски е создаден од двата грчки збора: термос [θερμός] (топло, топлина) и барос [βάρος] (притисок, тежина). Со други зборови, термобарско оружје значи оружје што создава топлина и притисок.

Терминот „вакуум бомба“ се користи заради ефектот на вакуум што се создава по експлозијата, односно наглото вшмукување на кислород.

Механизам на функционирање [уреди]

Општо, термобарското оружје функционира така што прво создава голем облак од прав од експлозив или течен експлозивен матерјал во воздухот, за потоа да го запали.

Оружјето содржи резервоар од експлозивна течност или цврст експлозив во форма на прав и два засебни детонатори (еден помал, којшто се користи за исфрлање на експлозивот, и еден поголем за запалување).

Оружјето се фрла од височина или се испукува, па на одредена висина првиот детонатор, или некој друг механизам на исфрлање, го отвора резервоарот по што се исфрла експлозивната материја. Настапува период на мешање на експлозивот со кислородот во воздухот, за вториот детонатор да се вклучи кога тие ќе бидат доволно измешани. Вториот детонатор го запалува експлозивот околу себе, одеднаш, што има катастрофални ефекти за сѐ што е на земјата, бидејќи го „вшмукува“ целиот кисород и создава огромен притисок.

Некои понови видови на вакви оружја користат еден детонатор и го исфрлуваат и запалуваат експлозивот во една фаза.

Ефекти [уреди]

Историја [уреди]

Нови американски термобарски оружја [уреди]

Користена во Авганистан, „XM1060 40-mm“ гранатата е првото оружје од мала категорија коешто било упоребувано од американските сили. На 30 април 2003 година, американските војници во Авганистан добиле пратка од нови XM1060 гранати.

Руската вакуум бомба, најголема вакуум бомба во светот [уреди]

Руската вакуум бомба

На 12 септември 2007 година, Русија успешно ја тестираше најголемата вакуум бомба досега направена. Неколку згради (неменети за тоа) беа срамнети со земја со сила слична на атомската бомба. „Таткото на сите бомби“ е популарното име што руската армија ѝ го дала на оваа бомба, како одговор на американската MOAB (Massive Ordnance Air Blast), којашто популарно се нарекува „мајка на сите бомби“ (Mother of All Bombs - MOAB). Оваа американска бомба досега важеше за најсилната ненуклеарна бомба во историјата.

Споредба меѓу MOAB и АВБПМ (руски: Авиационная вакуумная бомба повышенной мощности):

MOAB АВБПМ
Вкупна маса 8200 кг 7100 кг
Сила на ТНТ 11 метрички тони 44 тони
Радиус на разор 150 м 300 м


Температурата во епицентарот е двојно повисока кај АВБПМ од MOAB.

Надворешни врски [уреди]

Reuters извештај за АВБПМ

abc извештај за АВБПМ