Сувоносни мајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сувоносни мајмуни
Период: Ран еоцен – денес
Обичен верверичен мајмун (Saimiri sciureus)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Pocock, 1918
Фамилии

Tarsiidae
Callitrichidae
Cebidae
Aotidae
Pitheciidae
Atelidae
Cercopithecidae
Hylobatidae
Hominidae

Сувоносните мајмуни (латински: Haplorhini) се подред на примати. Порано овој подред, со исклучок на аветите, се нарекувал вистински мајмуни, со што се потенцирала разликата од т. н. полумајмуни. Денес ваквата поделба се смета за застарена.

Сувоносните мајмуни, кон кои припаѓа и човекот, се карактеризираат со низа одлики кои ги разликуваат од другиот подред на примати — влажноносни мајмуни. Според името, кај хаплоринските примати носот е сув и со помалку развиен осет за мирис. Сувоносните најчесто раѓаат по едно младенче. Во целост, овој подред се смета за поразвиен во еволутивна смисла.

Сувоносните мајмуни се среќаваат во тропските и суптропските региони на Америка, Африка (со исклучок на Мадагаскар), кај Гибралтар, како и во Јужна и Југоисточна Азија до Јапонија. Човекот ги населува сите континенти, со исклучок на Антарктикот.

Сувоносните мајмуни се поделени на два инфраредови:

Најстарите фосилни претставници на овој подред се тејардина и антрасимија, стари околу 55 милиони години.