Тесноносни мајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тесноносни мајмуни
Период: Доцен еоцен – денес
Младенче од мечкин макак,
држено од човечка рака.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Инфраред: Simiiformes
Парворед: Catarrhini
É. Geoffroy, 1812
Фамилии

Cercopithecidae
Hylobatidae
Hominidae

Тесноносните мајмуни или мајмуните од Стариот свет (латински: Catarrhini) се парвред на примати. Заедно со широконосните мајмуни влегуваат во инфраредот на вистински мајмуни, а заедно со аветите го образуваат подредот на сувоносни мајмуни.

Тесноносните мајмуни може да се поделат на три главни групи:

Сите тесноносни мајмуни се дневни животни. За сите е карактеристична сложена социјална организација. Речиси сите тесноносни, освен толстотелите, имаат тесна носна преграда, а ноздрите се насочени надолу. Големината на телото се движи од 35 cm (Callibella humilis) до 175 cm (горила). Мозокот е добро развиен. Забите се 32 на број. Приматите се исхрануваат најмногу со мешана храна од која преовладува растителната, поретко се инсектојадни. Поради мешаната исхрана, желудникот кај нив е едноставен. Забите се од четири типа — секачи, песјаци, предкатници и катници; катниците се со 3-5 запци. Кај приматите постои целосна смена на забите — од млечни во трајни. Имаат грлени торбички. Опашката кај повеќето е долга, но таа никогаш не се користи за фаќање на гранките или други објекти (т. е. таа не е прехензивна). Кај некои претставници (лапундер, мандрил) опашката е кратка или отсуствува (магот, човеколик мајмун).

Приматите поседуваат добро развиени петпрсни фаќачки екстремитети кои се приспособени за движење по гранките на дрвјата. За сите примати е карактеристична сличноста на клучната коска и целосното раздвојување на лакотната и палечната коска, што ја овозможува подвижноста и разновидноста на движењата кои може да се изведат со предните екстремитети. Палецот е подвижен и кај многу видови може да биде поставен спротивно на останатите прсти. Краевите од фалангите на прстите се снабдени со нокти. Кај тие форми на примати кои имаат канџовидни нокти или поседуваат канџи на прстите, палецот секогаш има зарамнет нокт. Влакнестиот покров на телото и некои региони од кожата понекогаш се светло обоени. Кај нижите тесноносни мајмуни постојат лицеви торбички и седални перничиња. Тие се распространети во Африка и Азија на Арапскиот Полуостров, во Јужна и Југоисточна Азија, Кина и Јапонија. Еден вид на тесноносен мајмун, магот, се среќава дури и во Европа (Гибралтар). Живеат во стада или семејни групи.

Надворешни врски[уреди]