Струма (автопат)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сообраќајна карта на Бугарија.
Дел од автопатот Струма во близина на Софија

Струма (бугарски: Автомагистрала „Струма“) е автопат во Бугарија, која го поврзува автопатот Љулин преку Даскалово во близината на градот Перник со граничниот премин „Кулата-Драготин“ и на тој начин се обезбедува патна врска на Софија со Егејска Македонија во денешна Грција.

Трасата на идниот автопат е со приближна должина од 156 километри во правец на патот Е79 и е дел од европскиот транспортен коридор 4. За автопатот има прединвестициони истражувања со утврдена траса, со исклучок на делот во Кресненската Клисура. Во овој регион изградбата е проблематична, бидејќи автопатот се планира да помине низ една од најважните заштитени територии на биоразновидноста во Бугарија.

Завршени делници[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2007 година била отворена првата делница од автопатот, која била со должина од 19 км од Драгичево до Долна Дикања. Автопатот е со габарит од 29 метри, со 2 ленти од по 11,50 метри, со активни 2 ленти и итна лента и има вредност од 54 милиони евра.

Планирани делници[уреди | уреди извор]

Остатокот од автопатот, кој треба да биде изграден, е поделен на четири дела. Изградбата на 1 и 4 дел се очекува да започне во јуни/јули 2011 година. [1] Финансирањето е овозможено од Европската унија, но деловите 1, 2 и 4 ќе бидат финансирани по оперативната програма „Транспорт“ 2007-2013 (бугарско кофинансирање) и имаат вкупна вредност од 250 милиони евра.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Инж. Василка Костадинова (2010-12-17). „Извештај за подготовка и спроведување на сообраќајните инфраструктурни проекти, вклучени во Оперативната програма "Транспорт" 2007-2013. Приоритетна оска II“. ОП "Транспорт. Посетено на 2010-12-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]