Хемус (автопат)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на автопатите во Бугарија.

Хемус (бугарски: Автомагистрала „Хемус“) е автопат во Бугарија, кој го поврзува главниот град Софија, преку Велико Трново, со третиот по големина град во земјата Варна на Црното Море. Автопатот го носи античкото име на Стара Планина низ која минува дел од трасата на автопатот.

Планираната должина на автопатот „Хемус“ e 433 километри, од кои до 2012 година 151 километри се во изградба. Трасата, што е во изградба е во два дела — првиот е од Софија до Јабланица и вториот — од Шумен до Варна. Автопатот парира на патиштата E70 (Варна-Шумен), E772 (Шумен-Јабланица) и E83 (Јабланица-Софија).

Делницата Правец-Јабланица е меѓу најтешките за спроведување поради многу суровиот планински релјеф на Стара Планина. Таа официјално била отворена на 5 декември 1999 година. Делницата е 5,47 километри во должина, а уште 16 км биле во реконструкција. Таа располага со два виадукта и еден тунел („Правешки Ханови“), додека целиот правец Софија-Јабланица има три тунели. Изградбата на делницата Правец-Јабланица започнала во 1984, но престанала во доцните 1980-те години поради недостаток на средства.[1] Делницата од 12,8 километри која ги поврзува Шумен со Каспичан на исток била отворена на 30 декември 2005 година и чинела 77 600 000 лева.[2]

До 2011 година бугарската влада се обидувала да го вметне автопатот Хемус во приоритетните транспортни проекти на ЕУ за „ОП Транспорт“ во програмскиот период 2014-2020 година. Идејата е изградба на останатите, приближно, 275 километри и да започне во вториот програмски период на ЕУ на почетокот на 2014 година. Во март 2011 година била извршена процедурата за избор за изведувач на делницата од станица Јана до Обиколениот пат на Софија (од км 0 +000 до км 8 +460) со должина од 8,46 километри.[3] Изградбата на овој дел започнала на 26 септември 2011 година со проектен рок за изградба од 22 месеци и проценета цена од 47 732 340 лева.[4]

Наводи[уреди]

  1. „Иван Костов откри участъка Правец - Ябланица на магистрала "Хемус"“. Botevgradski Vesti. 6 декември 1999. http://bvplus.declera.com/archive/old/archive49_99.htm. 
  2. „Строежът на „Хемус” е в ръцете на държавата“. BiG.BG. 8 октомври 2009. http://big.bg/modules/news03/article.php?storyid=43031. 
  3. „Информация за тръжната процедура за избор на изпълнител на допълнително проектиране и строителство на обект: "Автомагистрала /А2/"Хемус" "СОП–Пътен възел Яна" от км 0+000 до км 8+460“. 1 април 2011. http://www.api.government.bg/index.php/%D0%9D%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BE/762-%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%8F-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D1%80%D1%8A%D0%B6%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D0%B4%D1%83%D1%80%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%BF%D1%8A%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D1%8A%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%B8-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%BA%D1%82-%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D0%902-%D0%A5%D0%B5%D0%BC%D1%83%D1%81-%D0%A1%D0%9E%D0%9F%E2%80%93%D0%9F%D1%8A%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D1%8A%D0%B7%D0%B5%D0%BB-%D0%AF%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BC-0-000-%D0%B4%D0%BE-%D0%BA%D0%BC-8-460. 
  4. „Стартира строителството на нов участък от АМ "Хемус" – Софийски околовръстен път-пътен възел Яна“. Агенция „Пътна инфраструктура“. 26 септември 2011. http://www.api.government.bg/index.php/%D0%9D%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BE/1235-%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%8A%D0%BA-%D0%BE%D1%82-%D0%90%D0%9C-%E2%80%9E%D0%A5%D0%B5%D0%BC%D1%83%D1%81%E2%80%9C-%E2%80%93-%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D0%B9%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%80%D1%8A%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%8A%D1%82-%D0%BF%D1%8A%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D1%8A%D0%B7%D0%B5%D0%BB-%D0%AF%D0%BD%D0%B0. 

Поврзано[уреди]