Републички пат III-106

Од Википедија — слободната енциклопедија
Републички пат III-106
Републикански път III-106
Информации за правецот
Должина:25,3 км
Поважни клучки
Од:363,2 км од I-1, Горна Џумаја
До:ГП „Логодаж“ за Делчево, Р Македонија
Патна мрежа
Сообраќај во Бугарија

Републички пат IIІ-106 (бугарски: Републикански път IIІ-106) — третокласен пат од републичката патна мрежа на Бугарија кој се протега во Горноџумајско, Пиринска Македонија. Има должина од 25,3 км.

Патот се двои надесно во 363,2. км на патот I-1 во северозападниот дел на Горна Џумаја (Благоевград) и се упатува кон запад низ Горноџумајската Котлина. Ја преминува реката Струма и оди низ Делијазмино (Зелендол), па почнува да се искачува по северниот дел на планината Влаина. Поптоа минува низ селата Селиште, Логодаж и Лешница (Обел) и достига до градничкипт премн „Логодаж“, од каде продолжува за Делчево во Р Македонија како патот М5 од македонската патна мрежа.

По мостот на реката Струма, на 2,3 км, лево до него се двои патот III-1061 (3,7 км) за селото Покровник.

Републички пат ІII-106
Патишта што се излези надесно
(населено место, бр. на патот, правец)
Км Патишта што се излези налево
(населено место, бр. на патот, правец)
Општина Горна Џумаја, I-1, 363,2 км, Горна Џумаја 0,0 Горна Џумаја, 363,2 км, I-1, Општина Горна Џумаја
2,3 → 0 км III-1061 (за с. Покровник)
(за с. Крџево / Б’лгарчево) општински пат с. Делијазмино (Зелендол) ← 3,8 с. Делијазмино (Зелендол)
с. Селиште 7,1 с. Селиште
(за с. Дреново / Дренково) општински пат ← 9,3
с. Логодаж 13,9 с. Логодаж
(за с. Клисура) општински пат ← 14,7
с. Лешница (Обел) 21,5 с. Лешница (Обел)
ГП „Логодаж 25,3 ГП „Логодаж

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]