Стево Теодосиевски
| Стево Теодосиевски | |
| Биографски податоци | |
|---|---|
| Роден(а) | 16 април 1924 Кочани [[]] |
| Починал(а) | 9 април 1997 Скопје |
| Жанрови | Народна |
| Занимања | музичар |
| Инструменти | хармоника |
| Период на активност | 1950 - 1997 |
Стево Теодосиевски е роден во Кочани во 1924 година. Тој е познат македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист. [1]
Добитник на многу награди и признанија:
- Октомвриска награда на Југославија;
- Сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито;
- Сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора;
- Златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина;
- Златен медал на Црвен крст на Југославија;
- Награда на УНИЦЕФ на Југославија;
- Награда за животно дело на Србија и Црна Гора;
- Златен медал “22 декември”, Југославија;
- во 1992 год. наградата на град Скопје “13 Ноември“ од областа на културата и уметноста.
Теодосиевски во почетокот на педесеттите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.
Ансамблот “Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг - плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.
Стево Теодосиевски почина во Скопје на 9 април 1997 година.
Наводи [уреди]
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |