Розенгартен (Харбург)

Координати: 53°23′0″N 9°54′0″E / 53.38333° СГШ; 9.90000° ИГД / 53.38333; 9.90000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Розенгартен
Грб на Розенгартен
Розенгартен во рамките на Германија
Розенгартен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Харбург
Месни единици 10
Градоначалник Дирк Зајдлер (независен)
Основни податоци
Површина 63,67 км2
Надм. височина 85 м
Население 13.697 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 215 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WL
Пошт. бр. 21224
Повик. бр. 04108
Местоположба на Розенгартен во рамките на округот Харбург
Карта
Карта
Координати 53°23′0″N 9°54′0″E / 53.38333° СГШ; 9.90000° ИГД / 53.38333; 9.90000

Розенгартен (германски: Rosengarten; долногермански: Roosengoorn) — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Седиштето на општината се наоѓа во селото Нендорф. Нејзиното име доаѓа од блиската шума.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Општината Розенгартен, која се граничи на север со Хамбург, се наоѓа северно од Буххолц во Нордхајде и е во средиштето на ридскиот масив Харбургер.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Розенгартен се граничи со општините (од север, надесно): Хамбург (посебна сојузна покраина), Зеветал, Хармсторф, Бендесторф, Јестебург, Буххолц во Нордхајде и Ној Вулмсторф (сите во округот Харбург).

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината Розенгартен е составена од следниве места:

  • Тетензен со единицата Вестерхоф
  • Леферзен со единиците Ној-Леферзен и Зиферзен
  • Еесторф со Алвезен
  • Фарендорф
  • Зоторф
  • Екел со единиците Ној-Екел и Ајкстифе
  • Емзен со единицата Лангенрем
  • Идензен со единицата Хинтелн
  • Клекен со единиците Хајнбух и Ам Валде
  • Нендорф

Во селото Тетензен се наоѓа резиденцијата на Дитер Болен.

Историја[уреди | уреди извор]

Зеветал била создадена на 1 јули 1972 година со спојување на поранешните општини.[2]

На 18 јули 1973 година името на општината Нендорф било службено променето во Розенгартен.

Во 1990 година, почесниот конзулат на Гвинеја во Хамбург бил сместен во Розенгартен.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. ISBN: 3170032631
  3. List of the Consular corps, the trade missions, cultural institutes and international institutes in the Free and Hanseatic city of Hamburg, Senate of the Free and Hanseatic city of Hamburg, Chancellery of the Senate (April 2008)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]