Рак на панкреасот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рак на панкреасот
Класификација и надворешни извори
МКБ-10 C25
МКБ-9 157.0-157.9
OMIM 260350
DiseasesDB 9510
MedlinePlus 000236
eMedicine med/1712
MeSH D010190

Ракот на панкреасот започнува во ткивото на панкреасот и често има лоша прогноза, дури и кога се дијагностицира рано. Ракот на панкреасот обично се шири брзо и ретко се открива во раните фази, што е главната причина тој да е водечка причина за смрт од рак. Знаците и симптомите не може да се појават се додека ракот не е доста напреднат и хируршкото отстранување не е возможно.
Ракот на панкреасот се јавува кога клетките во панкреасот развиваат генетски мутации. Овие мутации предизвикуваат клетките да растат неконтролирано и да продолжат да живеат откако нормалните клетки ќе умрат. Овие клетки можат да се акумулираат во форма на тумор.

Видови на рак на панкреасот[уреди]

Видовите на клетките кои се вклучени во ракот на панкреасот помагаат при одредување на најдобриот третман. Видови на рак на панкреасот се:

  • рак кој се формира во каналите на панкреасот (аденокарцином). Клетки кои ги обложуваат каналите на панкреасот ги произведуваат дигестивните сокови. Повеќето видови на рак на панкреасот се аденокарциноми. Понекогаш овие видови на рак се нарекуваат егзокрини тумори;
  • рак кој се формира во клетките за производство на хормони се нарекува ендокрин рак. Ендокрин рак на панкреасот се среќава многу ретко.

Фактори за рак на панкреасот[уреди]

Факторите кои го зголемуваат ризикот од рак на панкреасот се:

  • постара возраст, особено над 60 години;
  • црна раса;
  • прекумерна тежина или дебелеење;
  • хронично воспаление на панкреасот (панкреатитис);
  • дијабетес;
  • семејна историја на генетски синдроми кои може да го зголемат ризикот од рак, вклучувајќи ја и мутацијата на BRCA2 генот, Peutz-Jeghers-овиот синдром, Lynch синдромот и семеен со атипични бемки – малиген меланом (FAMMM)
  • лична или семејна историја на рак на панкреасот.
  • пушење

Симптоми[уреди]

Знаците и симптомите на ракот на панкреасот често не се појавуваат се додека болеста не е напредната. Кога знаците и симптомите се појавуваат, тие може да вклучуваат:

  • болки во горниот дел на стомакот, кои може да зрачат и во грбот;
  • пожолтување на кожата и белките на очите (жолтица);
  • губење на апетитот;
  • слабеење;
  • депресија;
  • крвни коагулуми (згрутчување на крвта).

Компликации[уреди]

Како што напредува ракот на панкреасот, тој може да предизвика компликации како што се:

  • жолтица. Ракот на панкреасот, кој го блокира жолчниот канал на црниот дроб може да предизвика жолтица. Знаци се жолта кожа и очи, темна боја на урината и бледа боја на столицата. Вашиот доктор може да препорача да се стави пластична или метална цевка (стент) во внатрешноста на жолчните канали, за да се одржат истите отворени. Во некои случаи може да е потребен бајпас, за да се создаде нов пат за жолчните течности да стигаат од црниот дроб до цревата;
  • болка. Поголемиот тумор може да ги притисне нервите во стомакот и да предизвика болка која може да стане сериозна. Лековите против болка може да помогнат. Радиотерапијата може да помогне да се спречи растот на туморот привремено и да даде некои олеснувања. Кај тешките случаи, лекарот може да препорача постапка со инјектирање на алкохол во нервите кои ја контролираат болката во стомакот (целијачен плексус). Оваа постапка ги запира нервите да испраќаат сигнали на болка до мозокот;
  • опструкција на дебело црево. Ракот на панкреасот кој расте во или го притиска тенкото црево (дуоденум) може да го блокира протокот на варената храна од желудникот до вашите црева. Вашиот доктор може да препорача да се стави цевка (стент) во тенкото црево, за да го држи отворено. Може да биде потребна бајпас хирургија, за да се закачи цевка на желудникот за најдолната точка во цревата, која не е блокирана од ракот;
  • губење на тежина. Голем број фактори може да предизвикаат губење на тежината кај луѓето со рак на панкреасот. Гадењето и повраќањето предизвикани од третманите против ракот или туморот и притисок врз желудникот може да го отежни јадењето. Телото може да има тешкотии правилно да ги обработува хранливите материи од храната бидејќи панкреасот не произведува доволно дигестивни сокови. Може да се препорачаат панкреасни ензимни додатоци за помош во дигестијата.

Дијагноза[уреди]

Ако лекарот се сомнева за рак на панкреасот, можно е да направи еден или повеќе од следните тестови за дијагностицирање на рак.

Аксијална ЦТ слика со i.v. нијанса.
Микрограф на панкреасот. (најчест тип на рак на панкреасот)
Микрографии на нормален панкреас
Напречен пресек на човечки црн дроб, земени при аутопсија, покажувајќи повеќе големи бледо туморни депозити. Туморот е аденокарцином добиен од примарна повреда во телото на панкреасот.

Ултразвук[уреди]

Ултразвукот користи висока фреквенција на звучни бранови за креирање подвижни слики од внатрешните органи, вклучувајќи го и панкреасот. Ултразвук сензорот (конверторот) се наоѓа на горниот дел од стомакот за да се добие слика.

Компјутерска томографија (КТ – скенирање)[уреди]

КТ скен користи рентген слики за да му помогне на лекарот да ги визуелизира внатрешните органи. Во некои случаи може да се стави инјекција со боја во вената од раката.

Магнетна резонанца (МРИ)[уреди]

Магнетната резонанца користи моќно магнетно поле и радио бранови за да се создаде слика од панкреасот.

Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ERCP)[уреди]

Оваа постапка користи боја за да се потенцираат жолчните канали во панкреасот. Во текот на ERCP, тенка, флексибилна цевка (ендоскоп) нежно се пренесува преку грлото, желудникот, се до горниот дел од тенкото црево. ЕР се користи да се надува цревниот тракт, така што докторот полесно може да ги види и отвори жолчните канали на панкреасот. Бојата, потоа се вбризгува во каналите низ една мала шуплива цевка (катетер) која поминува низ ендоскопот. Конечно, се прават рентгенски снимки на каналите. За време на ERCP може да се собере ткиво или мобилен примерок (биопсија).

Ендоскопски ултразвук (EUS)[уреди]

EUS користи ултразвук за да се направат слики од панкреасот од внатрешноста на стомакот. Ултразвукот се пренесува преку ендоскоп во желудникот, со цел да се добијат слики. Лекарот може, исто така, да собере примероци од клетките (биопсија) за време на EUS.

Перкутана трансхепатична холангиографија (PTC)[уреди]

PTC користи боја за да се потенцираат жолчните канали во црниот дроб. Докторот внимателно внесува тенка игла во црниот дроб и инјектира боја во жолчните канали. Посебна машина за Х-зраци (флуороскоп) ја следи бојата како што се движи низ каналите.

Отстранување на примерок од ткивото за тестирање (биопсија)[уреди]

Биопсијата е постапка за отстранување на мал примерок на ткивото од панкреасот за испитување под микроскоп. Еден примерок за биопсија може да се добие со вметнување на игла низ кожата дирекно во панкреасот (тенкоиглена аспирација). Или може да се направи со користење на ендоскопски ултразвук за внесување на посебни алатки во панкреасот каде може да се земе примерок од клетките за тестирање.

Одредување на стадиумот на рак[уреди]

Откако дијагнозата на ракот на панкреасот е потврдена, лекарот ќе работи на тоа да се утврди степенот или стадиумот на ракот кој помага да се одредат третманите кои се на располагање. Со цел да се утврди стадиумот на ракот на панкреасот, докторот може да препорача:

  • користење на ендоскоп, за да се види внатрешноста на телото. Лапароскопијата користи осветлена цевка со видео камера, за да се истражуваат панкреасот и околното ткиво. Хирургот го внесува лапароскопот преку рез на стомакот. Камерата на крајот на ендоскопот пренесува видео на екран во операционата сала. Ова му овозможува на лекарот да најде знаци дали ракот се проширил и во стомакот.
  • тестови, кои вклучуваат Х – зраци, КТ и МРИ.
  • крвни тестови за специфични протеини (туморски маркери) произведени од канцерогените клетки на панкреасот. Еден тумор маркер тест кој се користи при откривање на ракот на панкреасот се нарекува CA19-9. Колку е покачено нивото на CA19-9, толку повеќе е напреднат ракот. Но тестот не е секогаш сигурен и сеуште не е јасно како најдобро да се користат резултатите од CA19-9 тестот.

Стадиуми на ракот на панкреасот[уреди]

  • стадиум I – ракот е ограничен на панкреасот;
  • стадиум II – ракот се шири надвор од панкреасот во близина на ткивата и органите и може да се шири во лимфните јазли;
  • стадиум III- ракот се шири надвор од панкреасот на големите крвни садови околу панкреасот и може да се шири во лимфните јазли;
  • стадиум IV – ракот се шири во далечните органи надвор од панкреасот, како што се црниот дроб, белите дробови и обвивката што ги опкружува стомачните органи (перитонеумот).

Третман[уреди]

Третманот за ракот на панкреасот зависи од стадиумот и локацијата на ракот, како и од возраста, целокупното здравје и личните преференци. Првата цел на третманот за рак на панкреасот е да се елиминира ракот, кога тоа е можно. Кога тоа не е опција, фокусот е на тоа да се спречи ракот на панкреасот да расте или да предизвикува повеќе штета. Кога ракот на панкреасот е во напредна фаза и третманите не нудат корист, докторот може да предложи начини да се ублажат симптомите и пациентот да биде колку што е можно подобар.

Хирургија[уреди]

Операцијата може да биде опција доколку ракот на панкреасот е ограничен на панкреасот. Во операции кој се користат кај луѓето со рак на панкреасот спаѓаат:

  • операција за тумор во главата на панкреасот. Ако ракот на панкреасот се наоѓа во главата на панкреасот, може да се разгледа операцијата наречена Whipple постапка (панкреатодуоденектомија), која вклучува отстранување на главата на панкреасот, како и еден дел од тенкото црево (дуоденум), жолчното кесе и дел од жолчниот канал. Дел од желудникот, исто така, може да биде отстранет. Хирургот одново ги поврзува останатите делови на панкреасот, желудникот и цревата за да овозможи варење на храната. Whipple хирургијата носи ризик од инфекција и крварење. По операцијата, некои луѓе чуствуваат гадење и повраќање кои може да се случат ако желудникот доживува тешко празнење (одложено желудочно празнење). Закрепнувањето е долго по Whipple постапката.
  • операција за тумор во опашката и телото на панкреасот. Операцијата за отстранување на опашката на панкреасот и еден мал дел од телото се нарекува дистална панкреатектомија. Хирургот, исто така, може да ја отстрани и слезената. Операцијата носи ризик од крварења и инфекции.

Радиотерапија[уреди]

Радиотерапијата користи високоенергетски зраци за да ги уништи клетките на ракот пред или после операцијата, често во комбинација со хемотерапија или кога ракот не може да се третира хируршки. Радиотерапијата може да се спроведе од апарат надвор од телото (надворешно зрачење) или може да се стави во телото во близина на вашиот рак (брахитерапија). Радиотерапија може да се користи за време на операцијата (интраоперативно зрачење).

Хемотерапија[уреди]

Хемотерапијата користи лекови за да помогне да се убијат канцерогените клетки. Хемотерапијата може да се инјектира во вена или да се зема орално. Може да се даде само еден вид на лек или може да се даде комбинација на цитостатици.
Хемотерапијата исто така може да се комбинира со радиотерапија (хеморадиација). Хеморадиацијата обично се користи за лекување на рак кој се шири надвор од панкреасот, но само во близина на органите, а не во далечните региони на телото. Оваа комбинација, исто така, може да се користи по операцијата, за да се намали ризикот од повторно појавување на рак на панкреасот таргетирана терапијата со лекови.

Таргетирана терапија[уреди]

Насочената терапија користи лекови кои напаѓаат одредени абнормалности во клетките на ракот. Лекот erlotinib ги блокира хемикалиите кои ги сигнализираат клетките на ракот да се развиваат и делат. Erlotinib обично се комбинира со хемотерапијата кај луѓето со напреднат рак на панкреасот. Другите лекови за насочени третмани се под истрага во клиничките испитувања.

Клинички испитувања[уреди]

Клиничките испитувања се студии за тестирање на нови форми на третман, како што се нови лекови, нови пристапи кон операциите или третманите со зрачење и нови методи како што е генската терапија. Ако третманот кој се изучува се покаже како побезбеден или поефикасен отколку што се сегашните третмани, тој може да стане нов стандард на здравствената заштита. Клинички испитувања не може да гарантираат нов лек и тие може да имаат сериозни или неочекувани несакани ефекти. Од друга страна, клиничките испитувања за ракот се внимателно следени од страна на властите за да се обезбеди тие да се спроведат што е можно побезбедно. Тие нудат пристап до третмани кои инаку не би биле достапни.

Превенција[уреди]

Иако нема докажан начин да се спречи ракот на панкреасот, може да се преземат чекори за да се намали ризикот, вклучувајќи:

  • откажување од пушењето;
  • одржување на здрава телесна тежина;
  • вежбање повеќето денови во неделата;
  • здрава исхрана. Исхраната полна со разновидно овошје, зеленчук и интегрални житарици може да помогне да се намали ризикот од рак.


Надворешни врски[уреди]

Рак на пакреасот

Рак на панкреас