Портал:Македонска Православна Црква/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Охридската архиепископија е историска компонента на Македонската православна црква. МПЦ има долга традиција. За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од местото Тауресиум (денешен Таор), близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот собор во Цариград. Потоа, таа црковна традиција ја наследува Свети Климент, како прв словенски епископ воопшто во светот (Извор: МПЦ). Според пишаните документи од средновековна Македонија, житија и сл., средновековните Македонци како духовни лидери ги спомнуваат деволските (охридските) епископи, а цариградскиот или преславскиот патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека Македонија имала црковна автономија во тој временски период.