Плитвички Езера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плитвачките езера

Плитвачките Езера (на хрватски: Plitvička jezera) е името на хрватски национален парк. Овие езера се наоѓаат во источна Лика, помеѓу планините Мала Капела и Плешивица, во непосредна близина на патот кој ги поврзува Загреб и Далмација. Регионот, каде се наоѓаат овие езера е објавен за национален парк на 8 април 1949 година, а од 1979 година бил вклучен во списокот на УНЕСКО на светското наследство. Се до 1958 година, регионот кај езерата не бил достапен, односно до нив се доаѓало единствено преку гората. Ова се сметало дека била и една од причините поради која овие езера биле многу малку посетувани. Така, Јосип Мовчан, кој бил раководител на тогашната управа на паркот, овој проблем го решил изградувајќи мостови од дрво. На тој начин не само што полесно се пристигнувало до езерата, туку се зголемиле и самите приходи кои доаѓале од туристите кои го посетувале ова место.