Орел-змијар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орел-змијар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Фамилија: Јастреби
Потфамилија: Орли-змијари
Род: Орел-змијар
Вид: Орел-змијар
Биномен назив
Circaetus gallicus
(Gmelin, 1788)

     Лето     Постојан жител     Зима
Кратките прсти на орелот змијар

Орелот=змијар (науч. Circaetus gallicus), познат и како краткопрст орел е средно голема птица грабливка од фамилијата соколовидни која вклучува многу други денски грабливки како соколите, орлите, јастребите и мршојадците.

Оваа птица се среќава и во Македонија.

Распространетост[уреди]

Овој вид птици се од стариот свет кој се раширил низ Средоземјето, Русија и Блискиот Исток, како и на делови од Азија, претежно во Индија, како и уште подалеку, на неколку индонезиски острови.

Оние кои живеат на северниот крај на Средоземјето и во други делови на Европа мигрираат главно во супсахарска Африка, северно од екваторот, напуштајќи го живеалиштето во септември-октомври, а се враќаат во април-мај.

Орелот-змијар што живее на Блискиот и Далечниот Исток се постојани жители, односно не се птици преселници. Во Европа најбројни се во Шпанија кај што се честа појава, но на другите место е реткост да се видат. Во Британија, на пример, за првпат е регистрирана во октомври 1999 година.

Живеалиште[уреди]

Орелот-змијар живее на отворено, кај обработливите рамнини, сувите каменести листопадни грмушести области и подножја, како и во полупустински области. Тие бараат дрва за вгездување.

Опис[уреди]

[[Податотека:Short-Toed Snake Eagle (Circaetus gallicus) in Kinnarsani WS, AP W IMG 5922.jpg|мини|лево|Орел-змијар во Индија

Возрасните единки се долги 62-67 см со распон на крилјата од по 170-185 см и тежат 1,2 - 2,3 кг. [1] Се препознаваат по долната доминантна бела страна, а горните делови се сивкасто-кафени. Брадата, вратот и горниот дел се окер, земјено кафена боја. Дополнителни показатели дека се работи за орел-змијар се и заоблената глава како на був, светложолтите очи и светло поткрило.

Орелот-змијар е вистински летач кој поминува повеќе време во лет од повеќето други членови од неговиот род. Сакаат да летаат над падини, врвови и свлечишта и ловат најчесто од положба над 550 м. Кога се на отворен терен често лебдат како соколи. Литањето се одвива при полн распон на крилата.

Поведение[уреди]

Исхрана[уреди]

Нивниот плен се претежно влекачи, главно змии, но исто така и по некој гуштер. Понекогаш тие се плеткаат со поголеми змии и настанува битка на теренот.[2] Повремено, тие ловат мали цицаци до големина на зајак и ретко птици и големи инсекти.

Огласување и размножување[уреди]

Овој орел е начелно многу тивок. Во одредени прилики, прави варијации од разни свиркачки ноти.

Снесува само едно јајце, и е долговечен, живеејќи над 17 години.

Присуството на орелот-змијар е многу изретчено во Европа, и е многу редок, а во некои земји неговата бројка и понатаму опаѓа, поради промените во земјоделството и искористувањето на земјиштето. Затоа бара да биде заштитен вид.

Во Средниот и Далечниот Исток, видот не е загрозен.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Del Hoyo, J. Elliott, A. and Sargatal, J. (1994) Handbook of the Birds of the World, Volume 2: New World Vultures to Guineafowl Lynx Edicions Barcelona
  2. Jerdon, TC (1862). „The Birds of India. Volume 1“. Military Orphan Press. стр. 77. http://www.archive.org/stream/birdsofindiabein01jerd#page/76/mode/2up. 

Надворешни врски[уреди]