Гуштери

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гуштер)
Скокни на: содржини, барај
Гуштери
Фосилен опсег: доцен Тријас - денес
Брадеста агама
(Pogona vitticeps)
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Наткласа: Четириношци
Класа: Влекачи
Поткласа: Диапсиди
Ред: Лушпести
Подред: Гуштери*
Günther, 1867
Фамилии

многу, во текстот.


Гуштерите (лат. Lacertilia, порано Sauria) се животни од класата влекачи. Тие ја сочинуваат најголемата денешна група на влекачи, со повеќе од 4,300 видови со најразлични форми и големини.

Содржина

[уреди] Физички својства

Иако гуштерите се слични со дождовниците и другите водоземци, сепак се разликуваат по тоа што гуштерите имаат сува лушпеста кожа и повеќето имаат канџести стапала и надворешни ушни отвори. Повеќето гуштери се мали, со четири екстремитети и долга опашка која кај многу видови е фрагилна и лесно кршлива, но се регенерира. Нозете на некои гуштери се многу скусени, правејќи ги змијовидни (како стаклениот гуштер); тие се разликуваат од вистинските змии по нивните подвижни очни капаци и по разликите во структурата на черепните коски, особено на тие од долната вилица. Коските од двете половини на долната вилица од гуштерот се цврсто споени, додека тие на змиите се разделени.

Гуштерите се движат на различни начини, во зависност од телесната структура и живеалиштето. Гекосите имаат лушпести дискови на секое стапало кои им овозможуваат да се прилепуваат за мазни површини. Некои гуштери се добри пливачи, а неколку се адаптирани за искачување по дрва.

[уреди] Однесување

Комодо змеј, Varanus komodensis
Чудовиштето Џила, Heloderma s. suspectum
Зелен шумски варан, Varanus prasinus

Исхраната на гуштерите е различна во зависност од видот. Додека повеќето се инсектојадни, некои, како зелената игуана, се растенојади. Чудовиштето Џила, кое живее во напуштени области, ги јаде јајцата од другите влекачи и птици, како и мали глодари; тоа исто така поседува масни резерви складирани во опашката. Еден вид, Комодо змејот, е доволно голем за да претставува закана и за човекот.

Како и повеќето влекачи, и гуштерите обично немаат родителско однесување. Женките на повеќето видови положуваат јајца кои ги оставаат сами да се изведат. Меѓутоа, неколку видови (вклучувајќи го и змијовидниот гуштер), раѓаат живи младенчиња.

[уреди] Живеалиште

Гуштерите можат да се најдат во тропските и субтропските региони низ светот; неколку видови се наоѓаат во умерените области, а ниеден вид во арктичките области. Некои се закопуваат во почвата, а некои се арбореални, додека трети се полуводни животни. Игуаните се наоѓаат во сите три типа на живеалишта.

[уреди] Одбранбени механизми

Гуштерите поседуваат низа на одбранбени механизми. Скорешните студии покажуваат дека група на гуштери, вклучувајќи ги мониторите и игуаните, имаат жлезди кои секретираат отров во нивните усти, но немаат специјализирани заби како кај змиите. Ниските дози на отров во нивната плунка се доволни за покорување на мал плен. Само два гуштера имаат силен отровен ефект врз пленот - гуштерот со огрлица и Чудовиштето Џила. И двата вида имаат вдлабнувања во забите кои им помагаат да го спроведат отровот од нивните големи жлезди. Тие најчесто го користат отровот во одбранбени цели. Многу од видовите на големи гуштери можат да се одбранат со силно каснување. Кога е опколен, роговитиот гуштер може да го испрска натрапникот со крв од рабовите на очите или, како чуквалата, да се повлече во пукнатина меѓу карпи или слично и да се надуе (ги исполнува белите дробови со воздух) така што не може да се извлече од тој тесен простор. Алигаторскиот гуштер има заштитни, штитовидни лушпи. Многу гуштери се криптички обоени, односно се обојуваат исто како и околината и тешко се забележуваат. Некои гуштери, како камелеонот, можат да ги менуваат боите на телото како што се менува надворешната околина.

[уреди] Градба

Усниот отвор е широк, и над него се сместени ноздрите, а зад нив се наоѓаат очите, кои ги препокрива долно и горно капаче, мигателна ципа. Вратот е релативно кус, а трупот е издолжен, испакнат на грбната и сплеснат на стомачната страна. На границата меѓу трупот и опашката се наоѓа коакалниот отвор. Екстремитетите се еднакво развиени и завршуваат со по 5 прсти.

[уреди] Внатрешна градба

[уреди] Кожа

Кожата на гуштерот, за разлика од жабата, цврсто е прилегната кон телото. Површинскиот слој од покожичката (epidemis) е орожнат и образува рожести лушпи и штитчиња, додека долниот, малпигиевиот слој е составен од живи клетки кои се размножуваат. Во овој слој и во горниот дел од вистинската кожа се наоѓаат пигментни клетки. Ваквата кожа ги заштитува од загубата на водата, од повреди и навлегуање на најразлични микроорганизми и кожата е сиромашна со жлезди.

[уреди] Скелетен систем

[уреди] 'Рбетник

`Рбетникот е изграден од коскени процелни прстени. Прешлените имаат тело на прешленот (corpus vertebrae), со горни (arcus neuralis) и долни (arcus haemalis) лакови, односно напречни израстоци (proc. transversi). На `рбетникот можат да се различат 4 региони: вратен (pars cervicalis), составен од 8 прешлени, градно-слабински (pars thoraco-lumbalis), составен од 22 прешлени, крсен (pars sacralis), составен од 2 прешлени и опашен (pars caudalis) составен од голем број прешлени.

Првите два вратни прешлени се диференцирани во атлас (atlas) и епистрофеус (epistrophaeus). Градно-слабинските прешлени се снабдени со зглобни површини за ребрата. Крсните прешлени се одликуваат со силни напречни израстоци, за кои се врзуваат слабинските коски од карличниот појас. Опашните прешлени се нешто подолги и одејќи на назад, постепено ги губат своите составни делови, се смалуваат и на крајот се сведуваат на тенки ковчиња.

[уреди] Ребра и градна коска

Последните три вратни и сите градно-слабински прешлени се снабдени со подвижно поврзани ребра. На секое ребро може да се различи еден коскен грбен (pars vertebralis) и `рскавичен стомачен дел (pars sternalis). Градната коска (sternum) е `рскавична и има изглед на ромбична плочка со мал отвор. Таа има форма на крст, на чии краишта се врзуваат клучните коски од раменскиот појас.

[уреди] Череп

Черепот е со тесна основа (тропибазичен череп) и се состои од повеќе региони. Тилниот регион е образован од 4 тилни коски: горна (supraoccipitale), долна (basioccipitale), и две странични тилни коски (exoccipitalia). Слушниот регион е образован од 3 ушни коски: предна (prooticum), задна (opistoticum) и горна ушна коска (epioticum). Во Орбиталниот регион се наоѓа основната клинеста коска (basisphenoideum), а кон однапред се надоврзува мала парасфеноидна коска (parasphenoideum) и парно рало (vomer).Во Мирисниот регион нема коски, туку целиот е изграден од `рскавица. Покривот на черепот е образован од парните носни коски (nasalia), предчелните (prefrontalia), челните (frontalia), задчелните (postfrontalia, postorbitalia), темените (parietalia) и непарната меѓутемена коска (interparietale). Страните на черепот се покриени со: солзни (lacrymalia), надочни (supraorbitalia), надслепочни (supratemporalia) и лушпести коски (squamosa). Во слепоочниот дел од черепот се наоѓа една плитка вдлабнатина,наречена слепоочна јама (fossa temporalis). Оваа јама од надвор е ограничена со горен слепоочен лак, образован од задчелната (postorbitale) и лушпестата коска (squamosum). Горната вилица е образувана од предвилични коски (premaxillare) и горновилични коски (maxillaria). Непцето е образувано од ралото (vomer), непчените (palatinum), крилестите (pterygoidea) и напречните коски (transversum).На Долната вилица се наоѓаат зглобната коска (articulare), забната (dentale), спленијалната (spleniale), агловата (angulare), надагловата (supraangulare) и венечната коска (coronoideum).

[уреди] Скелет на екстремитетите и нивните појаси

Раменскиот појас е сличен на тој од водоземците, само што е повеќе вкоскенет. Коракоидната коска (coracoideum) е силно развиена, на неа е надоврзана лопатката (scapula), а на лопатката се надоврзува `рскавична надлопатка (cartilago suprascapularis). Клучните коски (claviculae) имаат форма на тенки свиени коски, кои со едниот крај, се прикрепуваат за лопатката, а со другиот за меѓуклучната коска. Предните екстремитети имаат типична градба за петопрсните екстремитети. Раменската коска (humerus), е долга а во подлактичниот дел се наоѓаат две коски палечна (radius) и лакотна коска (ulna). Коренот на шепата е изграден од 10 ковчиња, распоредени во два реда. Во првиот ред се наоѓаат radiale, intermedium, ulnare, centrale и pisiforme, а во вториот ред 5 carpalia distalia. На нив се надоврзуваат метакарпалните ковчиња (metacarpalia) и фалангите на прстите (phallanges digitorum). Карличниот појас е составен од две безимени коски (os innominata). Секоја безимена коска е образувана од 3 коски: слабинска (ilium), седална (ischium) и срамна (pubis). Задните екстремитети имаат исто така типична градба. Бутната коска (femur) е снажна и се надоврзува на две коски: голема писка (tibia) и мала писка (fibula). Во коренот на стапалото (tarsus) има 3 ковчиња: tibio fibulare, tarsale distale 3 и tarsale distale 4+5. На нив се надоврзуваат 5 метатарзални ковчиња (metatarsalia) и фалангите на прстите (phallanges digitorum).

[уреди] Мускулен систем

Мускулниот систем има претрпено значителни промени. На черепот е развиена сложена мускулатура за жвакање (мастикаторна мускулатура). Појавата на вратниот регион била проследена со развитокот на вратната мускулатура. Трупната мускулатура на стомачната страна е диференцирана на два дела: градна (pars thoracalis) и стомачна мускулатура (pars abdominalis). Во градниот дел се развиени меѓуребрени мускули, надворешни (mm. intercostales externi) и внатрешни мускули (mm. intercostales interni), кои го движат градниот кош и учествуваат во механизмот на дишење. Во задниот дел од грбната мускулатура се диференцирани мускули за движење на опашката. На екстремите и појасите е развиена сложена мускулатура за нивно движење. Присутна е и поткожна мускулатура, која служи за движење на лушпите.

[уреди] Значење

Повеќето гуштери се безопасни и се корисни за човекот со тоа што ги контролираат популациите од инсекти. Некои видови се извор на храна; некои се убиваат за нивните кожи, иако сега ова е илегален чин во многу земји. Неколку видови се загрозени од уништувањето на нивните живеалишта, а најголемиот денешен гуштер, Комодо змејот, е на листата на загрозени видови.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици