Камелеон
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Камелеон | |
|---|---|
| Камелеон | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Влечуги |
| Ред: | Лушпари |
| Подред: | Гуштер |
| Инфраред: | Игуани |
Камелеонот е животно со голема глава, со аглести рабови на вратот, со странично сплескано тело и долга еластична опашка, која не може да ја отфрли, бидејќи со неа се прикрепува.
Содржина |
Карактеристики [уреди]
На тенките долги нозе има споени два и три прста. Испупчените очи се тркалезни зеници, може да гледаат во различно насоки, независно едно од друго. Телото е покриено со зрнести топчиња, меѓу кои се расфрлани големи , плочести лушпи па затоа кожата му е растеглива. Може нагло да ја менува бојата на телото - од зелена, во темна или речиси бела каква што е ноќе. Долг е до 30 cm. Најчесто живее на дрвјата. Се движи бавно по гранките, придржувајки се со опашката и сраснатите прсти кои личат на клешти. Кога е во опасност, го надувува телото, ја отвора устата и потемнува.
Исхрана [уреди]
Камелеонот се храни со инсекти, кои ги чека долго и упорно, а ги лови со долгиот, леплив јазик.
Окотување [уреди]
Се спушта на земјата кога женката несе околу 20 јајца во дупка што ја покрива со лисја.
Распостранетост [уреди]
Камелеонот живее во Јужна Шпанија, на Крит, во Северна Африка и Блискиот Исток.