Диапсиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. F0DC82"
  1. F0DC82"
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Диапсидни влечуги
    Период: Доцен Карбон-денес
Дијаграм на диапсидниот череп и коските од кои е составен
j: југална, p: париетална, po: посторбитална, q: квадратна, qj: квадратојугална, sq: сквамозна коска.
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Reptilia
Поткласа: Diapsida
Osborn, 1903
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Редови

Видете во текстот.

Диапсидите (Diapsida, што значи "два лака") се група на влечуги кои развиле две слепоочни јами на секоја страна од нивниот череп пред околку 300 милиони години, за време на доцен Карбон. Денешните диапсиди се многу разнообразни и во нив припаѓаат крокодилите, гуштерите, змиите и туатарата. Според современите класификациски системи, дури и птиците се сметаат за диапсиди, бидејќи еволуирале од диапсидни претци, па затоа се сместуваат во диапсидниот клад. Иако некои диапсиди ја изгубиле едната јама (гуштери), или двете (змии), па дури и имаат многу различна градба на черепот (денешните птици), тие сепак се класифицираат како диапсиди поради нивните претци. Постојат околу 7 925 видови на диапсидни влечуги (преку 14 600 доколку се вклучат и птиците).

Особини[уреди]

Диапсидите традиционално се систематизираат врз основа на нивните две слепоочни јами (наследени од нивниот предок), наречени темпорални фенестри, кои се наоѓаат постериорно над и под окото. Ваквиот распоред овозможува прикрепување на поголеми, посилни вилични мускули и ѝ овозможува на вилицата да се отвори пошироко. Понеочигледна особина наследена од нивниот предок е релативно долгата долна коска на раката (радиусот), за разлика од горната коска на раката (хумерус).

Систематика[уреди]

Најпрво диапсидите се класифицирани како една од четирите поткласи од класата влечуги, кои се разликувале по бројот и распоредот на отворите во черепот. Другите три поткласи беа Synapsida (еден отвор во долниот дел на черепот, каде припаѓаат "цицачовидните влечуги"), Anapsida (без отвори во черепот, каде се сместени желките и нивните сродници) и Euryapsida (еден отвор во горниот дел на черепот, каде се однесувале многу праисториски морски влечуги). Со напредокот на филогенетската номенклатура, овој систем на класификација бил силно изменет. Денес синапсидите најчесто не се сметаат за вистински влечуги, додека за еуриапсидите се покажа дека се неприроден збир на диапсиди кои изгубиле еден од нивните черепни отвори. Некои истражувања сугерираат дека ова е случај и кај желките, правејќи ги високоизменети диапсиди кои оставиле само некои праисториски форми во Anapsida. Во филогенетските системи, птиците (потомци на традиционалните диапсидни влечуги) исто така се сметаат за членови на оваа група.

Добро познати изумрени диапсидни групи се диносаурусите, птеросаурусите, плезиосаурите, мозасаурите и многу понепознати линии. Систематиката на повеќето од раните групи е динамична и е предмет на промена.

Филогенија[уреди]

Подолу е прикажан кладограм кој ги покажува односите меѓу поглавните групи на диапсиди.

Diapsida 

Araeoscelida




?Sphodrosaurus




?Palacrodon




?Omphalosaurus




Avicephalia


 Neodiapsida 

Apsisaurus


 Eosuchia 

?Younginiformes




?Claudiosaurus




?Ichthyopterygia


 Sauria 

?Thalattosauriformes




Lepidosauromorpha



Archosauromorpha













Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]