Олга Саладуха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали

Олга Саладуха
Натпреварувач за  Украина
Женска атлетика
Олимписки игри
Бронза 2012 Лондон трискок
Светски првенства
Злато 2011 Тегу трискок
Бронза 2013 Москва трискок
Европски првенства
Злато 2010 Барселона трискок
Злато 2012 Хелсинки трискок
Универзијада
Злато 2007 Бангкок трискок

Олга Саладуха (украински: Ольга Саладуха; 4 јуни 1983, Донецк) е украинска атлетичарка, која се натпреварува во дисциплината трискок.

Првиот значаен успех, Саладуха го постигна на Универзијадата во Бангкок во 2007 година, на која го освои првото место, со личен рекорд од 14,79 m. Во следните неколку години нема постигнато некои посебни успеси, сè до европското првенство во Барселона во 2010, каде со прескокнати 14,81 m се закити со златниот медал. Веќе следната година, на европската титула ѝ ја придодаде и светската, победувајќи на светското првенство во Тегу со најдобар скок од 14,94 m. На европското првенство во Хелсинки во 2012 година, таа успешно ја одбрани титулата освоена две години преттоа, победувајќи со нов личен рекорд од 14,99 m. Околу месец и половина потоа, таа го освои бронзениот медал на Летните олимписки игри 2012, прескокнувајќи 14,79 m. Во 2013 година, Саладуха не успеала да го одбрани златото освоено на светското првенство две години преттоа и на првенството во Москва го освоила бронзениот медал со прескокнати 14,65 m.

Нејзиниот личен рекорд изнесува 14,99 m и е постигнат на 29 јуни 2012 на европското првенство во Хелсинки, додека во скок во далечина 6,37 m.

Надворешни врски[уреди]