Оклендска уметничка галерија

Координати: 36°51′5″S 174°45′58″E / 36.85139° ЈГШ; 174.76611° ИГД / -36.85139; 174.76611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оклендска уметничка галерија
Auckland Art Gallery / Toi o Tāmaki
Дел од зградата на галеријата
Карта
Општи податоци
Видуметничка галерија, порано библиотека и гр
Стилфранцуска ренесанса
Местоагол на Wellesley и Kitchener St., Окленд
Координати36°51′5″S 174°45′58″E / 36.85139° ЈГШ; 174.76611° ИГД / -36.85139; 174.76611
Завршена1887
Проектирање и изградба
АрхитектГрејнџер и Чарлс Дебро

Оклендската уметничка галерија (англиски: Auckland Art Gallery, маорски: Toi o Tāmaki) — градска галерија во Окленд, Нов Зеланд која ја содржи најголемата збирка на национална и меѓународна уметност во земјата. Чест домаќин е на патувачки изложби од странство.

Галеријата е поставена под ридот на Албертовиот парк во центарот на Окленд. Основана е во 1888 како првата постојана уметничка галерија во Нов Зеланд. Зградата првобитно била замислена да ја смести не само галеријата, туку и градската управа и јавна библиотека. Нејзините архитекти се мелбурнските архитекти Грејнџер и Дебро.

Новата галерија, наспроти главната галерија од другата страна на уличката содржи современи дела. Сместена е во зградата на поранешниот Окландска Телефонска Централа која во 1995 била преиначена во прилично смел спој од Едвардијанска и современа архитектура.

Збирката, која почнала со донирање на ракописи, ретки книги и 53 слики од некогашниот колонијален гувернер Џорџ Греј, денес има преку 12.500 дела. Галеријата претставува многу новозеландски и тихоокеански уметници, како и европски материјал од средниот век до денешен ден. Меѓу забележителните новозеландски уметници со поголем број дела таму се: Гречен Албрехт, Марти Фридландер, К.Ф. Голди, Алфред Хенри Окиф, Франсес Хоџкинс, Готфрид Линдауер и Колин Мекаон. Во највеќето случаи, барем некои од тие дела биле донирани од самите уметници.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]