Прејди на содржината

Океан Елзи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Океан Елзи
Океан Ельзи
Животописни податоци
ПотеклоЛавов, Украина
Жанровипоп-рок
Период на активност1994–сѐ уште
Мреж. местоhttp://www.okeanelzy.com; http://www.oetour.com
Членови
Свјатослав Вакарчук
Петро Черњавски
Денис Дудко
Денис Хлинин

Океан Елзи (укр: Океан Ельзи „Океанот на Елза“, скратено: ОЕ) е украинска рок-група, основана во 1994 година во Лавов. Водач на бендот е Свјатослав Вакарчук.

Историја

[уреди | уреди извор]

Лавовски период (1994—1998)

[уреди | уреди извор]

За датум на основање на беднот важи 12 октомври 1994. Тапанарот Денис Хлинин, гитаристот Павло Худимов и бас-гитаристот Јури Хусточка биле членови на „Клани тиши“, а откако го запознале Свјатослав Вакарчук, почнала историјата на новата лавóвска рок-група. Решиле да ја наречат „Океан Елзи“ и почнале со регуларни проби. Свиреле урбан-рок, со примеси на поп и панк. Откако се здобиле со популарност во Лавов, на почетокот на 1998 година, ОЕ преминале во Киев и почнале да снимаат материјал за првиот албум.

Златниот состав

[уреди | уреди извор]

Деби-албумот го издале во септември 1998 под името „Там, де нас нема“ (Таму каде што нѐ нема). Песните на групата ги заземале првите места на топ-листите, а нивните текстови и вокалот Свјатослав Вакарчук се здобил со обожувачи низ цела Украина. Во 1999 година, ОЕ на фестивалот Тавриски игри ги добиле наградите „Прорив року“ (Сензација на годината) и „Найкраща пісня“ (Најдобра песна) за композицијата „Там де нас нема“ од истоимениот албум. На почетокот на 2000 година, групата ја завршила работата на вториот албум, „Янанебібув“ (На небо бев). Потоа во составот влегол и клавијатуристот Дмитро Шуров. Двапати по ред (2000 и 2001) на Тавриски игри биле први во категоријата „Најдобра поп-група“. Во 2001, групата го снима и најдобриот, според мислењето на мнозинството од критиката, албум во украинската рок-музика - Модель. Таа година, ОЕ соработува со Пепси и прави турнеја низ Украина. На Тавирски игри 2002, две нивни песни (Друг и 911) влегуваат во 10 најпопуларни хитови на Украина, а Океан Елзи е прогласена за „Најдобра рок-група“. Модель станал „Албум на годината“. По пуштањето на албумот Суперсиметрія (Суперсиметрија) (2003), следното лето, во 2004 година, од групата се одделува басистот Јури Хусточка и клавијатуристот Дмитро Шуров, а во 2005 соло-кариера започнува и гитаристот Павло Худимов.

Океан Елзи денес

[уреди | уреди извор]

Од 2004 година, во групата свири басистот Денис Дудко и српскиот клавијатурист Милош Јелиќ. Во 2005 во ОЕ влегува Петро Черњавски. На 22 септември 2005 година, албумот GLORIA во првиот ден од продажбата станал „платински“: за 6 часа биле продадени 106 000 примероци.

Вокалистот Свјатослав Вакарчук во знак на добра волја пристапил кон програмата за развиток од ООН за младите во Украина, земајќи учество во многу социјални и културни проекти. Сите средства од продажбата на синглот „Веселі, брате, часи настали…“ биле дадени во домот за деца без родители во Макеевка. Во 2006, рок-групата оддржала бесплатен концерт за украинските миротворци во Косово.

Во украинскиот учебник за историја од 2005 година пишува „Украина е позната во светот и по достигнувањата во културата. Во многу земји е позната по групата „Океан Елзи““ и има слика од Јулија Тимошенко и водачот на групата, Свјатослав Вакарчук.

На 25 април 2007, групата го презентираше новиот албум „Міра“. Новото издание е посветено на загинатиот звук-продуцент, Сергеј Толстолуски. Членовите на групата го сметаат овој албум за најрок-албум во целата историја на групата.

Поранешни членови

[уреди | уреди извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  1. Там, де нас нема (1998)
  2. Янанебібув (2000)
  3. Модель (2001)
  4. Суперсиметрія (2003)
  5. GLORIA (2005)
  6. Міра (2007)
  7. Dolce Vita (2010)

Други снимки

[уреди | уреди извор]
  • „Будинок зі скла“ (1996, максисингл)
  • „Холодно“ (2002, синґл)
  • „Tviй формат“ (2003, акустична)
  • „Дякую“ (2004, синґл)
  • Веселі, брате, часи настали…“ (2006, сингл)
  • „1221“ (2006, збирка)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]