Обичен свиркач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обичен свиркач
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Свиркачи
Вид: Обичен свиркач
Биномен назив
Calidris alpina
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Erolia alpina
Pelidna alpina

Распространетост на подвидовите, миграционите патишта и поважните европски зимувалишта

Обичниот свиркач (науч. Calidris alpina) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на свиркачите (науч. Calidris). Се размножува на Арктикот или субарктичките региони. Птиците кои живеат во Северна Европа и Азија преселници на долги релации и презимуваат на југ кон Африка, југоисточна Азија и на Блискиот Исток. Птиците, пак, од Алјаска и Канада мигрираат на кратки растојанија до пацифичкиот и атлантскиот брег на Северна Америка, иако оние од во северна Алјаска презимуваат во Азија. Многу обични свиркачи зимуваат по должината на пиринејскиот јужен брег. Оваа птица се среќава и во Македонија.

Однесување[уреди]

На источниот брег од Англија

Обичниот свиркач е многу дружељубив зиме, формирајќи големи јата на мочуришните брегови или песочните плажи. Голем број од нив може да се видат како виорат во синхронизиран лет на местата за одмор за време на преселбата кон зимските престојувалишта. Оваа птица се движи по должината на крајбрежјата и песочните плажи со карактеристичен начин на исхрана, како „машина за шиење“, методично кревање мали прехранбени продукти. Инсектите се главниот дел од нивната исхрана, но јадат и мекотели, црви, ракови и др.

Опис[уреди]

Оваа птица е една од најчестите и најпознатите крајбрежни птици, и тоа е вид со кој другите обично се споредуваат.

Обичниот свиркач е долг 17-21 см, со 32-36 см распон на крилјата. Возрасните птици со перје во сезоната за парење имаат впечатлив црн стомак, што ниту една друга ваква птица го нема. Вон сезоната на парење перјето му е во основа сиво одозгора и бело одоздола. Младенчињата се кафеави одозгора со две белкави V форми на грбот. Обично имаат црни ознаки на слабините или стомакот и имаат силна бела линија на крилјата која се гледа кога летаат.

Нозете му се благо искривени, а клунот му е црн. Има многу подвидови кои главно се разликуваат според бојата на перјето во сезоната на парење и според должината на клунот. Почесто, клунот на женките е подолг.

Гнездење[уреди]

Гнездото е многу плиткo обградено со вегетација. Во него обично несат 4 јајца кои ги квачат обата родитела. Пилињата почнуваат да летаат на околу три недели возраст. Поголемиот дел од грижата за леглото ја обезбедува мажјакот, додека женките често го напуштаат гнездото и му го оставаат потомството на мажјакот.

Повикот им е типично пиип, а додворувачката песна е грубо, силно вибрирање.

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.


Наводи[уреди]

  • McLaughlin K. A. & Wormington, A. (2000): An apparent Dunlin × White-rumped Sandpiper hybrid. Ontario Birds 18(1): 8-12.
  • Martin-Löf, P. (1961). „Mortality rate calculations on ringed birds with special reference to the Dunlin Calidris alpina“. „Arkiv för Zoologi (Zoology files), Kungliga Svenska Vetenskapsakademien (The Royal Swedish Academy of Sciences) Serie 2“ Band 13 (21). 

Надворешни врски[уреди]