Никола Мицев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киро Глигоров (лево) и Никола Мицев (десно) на Вис

Никола Мицев (Кратово, 7 ноември 1913 - Скопје, 24 септември 1990) — македонски ветеринар, редовен професор на Земјоделскиот факултет во Скопје, учесник во НОБ.

Еден е од основачите на Македонското студентско друштво „Вардар“ во Загреб (1935), учествувал во организирањето на МАНАПО и иницијатор на „Наш весник“. Учесник е во НОБ од 1941 година. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ, каде што е избран и за член на АВНОЈ. Делегиран е при Националниот комитет на Вис, каде што бил одреден за претставник на Југословенскиот црвен крст во Женева.

Докторирал на Ветеринарниот факултет во Загреб во 1954 година. Објавил два учебника за општа и за земјоделска микробиологија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 975.