Неапол (покраина)
| Покраина Неапол Provincia di Napoli |
|||
|---|---|---|---|
| — Покраина — | |||
|
|||
| Положбата на покраината Неапол во Италија | |||
| Земја | |||
| Регион | Кампанија | ||
| Админ. центар. | Неапол | ||
| Општини | 92 | ||
| Управа | |||
| • Претседател | Лујџи Чезаро (PDL) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 1.171,13 км2 | ||
| Население (03-31-2012) | |||
| • Вкупно | 3.079.087 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр | 80121-80147 (cap) 80010-80079 (rest) |
||
| Повик. бр. | 081 | ||
| Рег. табл. | NA | ||
| ISTAT | 063 | ||
| Портал | Официјална страница | ||
Неапол (италијански: Provincia di Napoli, наполитански: Pruvincia 'e Nàpule) е покраина во регионот Кампанија, Италија. Административен центар е градот Неапол. Покраината има 92 општини.[1]
Содржина |
Демографија [уреди]
Неапол е најгусто населената покраина во Италија со површина од 1.171,13 км² и население од околу 3,1 милиони.[2]
| Поважни општини | Население |
|---|---|
| Неапол | 983.797 |
| Џуљано ин Кампанија | 108.492 |
| Торе дел Греко | 88.540 |
| Поцуоли | 82.503 |
| Казорија | 81.871 |
| Кастелмаре ди Стабија | 65.794 |
| Афрагола | 63.483 |
| Марано ди Наполи | 58.978 |
| Портичи | 57.062 |
| Ерколано | 55.310 |
| Торе Анунцијата | 48.720 |
Туризам [уреди]
Подрачјето на покраината е познато по туризмот, како за странците, така и за Италијанците. Меѓу најпопуларните места во Италија е откопаниот римски град Помпеја, уништен со ерупцијата на Везув во 79 г.[3]
Значајни како туристички места се и трите острови во Неаполскиот Залив: Искја, Прочида (дел од Флегренските Острови) и Капри, познати под збирното име Кампански Архипелаг. На Капри се наоѓа прочуеното Сино Грото - пештера со чудесна сина боја што изгледа како да е осветлена одозвола, под водната површина.[4]
Популарност кај туристите ужува и Сорентскиот Полуостров со градот Соренто, познат по пијалокот лимончело и раскошните приморски карпи. Полуостровот е полн со вили, замоци, стражарски кули и цркви. Во Вико Еквенсе може да се видат и древни селски куќи.[5]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Покраина Неапол (италијански)
|
|
|||||