Надежда Толоконикова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Надежда Андреевна Толоконикова

Надежда Толоконикова на митингот „За чесни избори“ во Москва на 4 февруари 2012 година
Роден(а) Норилск, РСФСР, СССР
Политичко движење акционизам, панк-рок

Надежда Андреевна Толоконикова (руски: Надежда Андреевна Толоконникова; родена на 7 ноември 1989 во Норилск) е руска уметничка-акционистка, членка на уметничките групи „Војна“ и „Pussy Riot“.

На 3 март 2012 година, таа била уапсена под обвинение за хулиганство во врска со влегувањето и изведувањето на противзаконска изведба во црквата на Исус Христос Спасителот во Москва.[а] Сите девојки биле осудени на две години затвори. Меѓународната органзиација „Amnesty International“ ги прогласила уапсените за политички затвореници.[1][2]

Биографија[уреди]

Надежда Толоконикова се родила на 7 ноември 1989 година[3] во Норилск. Таа е студентка на Философскиот факултет при Московскиот државен универзитет Ломоносов.

Надежда, која заедно со нејзиниот сопруг Петар Верзилов, била членка на групата „Војна“. Таа учествувала во мнозинството од прочуените акции на оваа група, меѓу кои се и скандалозниот групен секс во Биолошкиот музеј Тамирјазев во Москва во 2008 година, акцијата за истурање на бубашваби во зградата на Таганскиот суд во 2010 година (акција „Бубашвабин суд“)[а], како и исцртувањето на фалус на Литејниот мост спроти зградата на Федералната служба за безбедност во Санкт Петербург.[4]

Семејство[уреди]

Надежда е омажена за Петар Верзилов, кој исто така е уметник-акционист. Двојката има ќерка, Хера, која за време на апсењето на Надежда имала 4 години.

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

  • а  Соучесничките Екатерина Самуцевич и Марија Аљохина биле исто така уапсени. Аљохина била уапсена истовремено со Толоконикова, додека Самуцевич на 16 март 2012 година.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]