Морж

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морж[1]
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Натфамилија: Pinnipedia
Фамилија: Odobenidae
Allen, 1880
Род: Odobenus
Brisson, 1762
Вид: O. rosmarus
Биномен назив
Odobenus rosmarus
(Linnaeus, 1758)
Subspecies

O. rosmarus rosmarus

O. rosmarus divergens

O. rosmarus laptevi (debated)

Распространетост на моржот

Морж (лат.:Odobenus rosmarus) е големо животнo чии нозе се преобразени во перки што може да ги свитка кон напред.

Облик на телото[уреди]

Има кратка муцка со кратки и дебели влакна како мустаќи. На горната вилица има два рамни големи заба — бивни, што, освен мажјаците, ги имаат и постарите женки. Телото му е покриено со гола жолтокафеава набрана дебела кожа. Под неа има дебел слој сало што го штити од губење на телесната топлина. Поголемите мажјаци се долги до 4,5 метри и тешки до 1 тон. Неговата кожа е поинаква од кожата на сите други цицачи, со длабоки набори и брчки, а со многу малку влакна. Може да е различен по бојата на кожата: младите моржови може да имаат темна боја, а возрасните понекогаш имаат шари во розова боја.

Распостранетост[уреди]

Живее на крајбрежјето на Северно Море во Скандинавија, Исланд и Гренланд и понекогаш се сели доста далеку од тие области.

Храна[уреди]

Се храни со школки, ракови и риби.

Окотување[уреди]

Секоја трета година окотува по едно младенче, што по 2 години станува самостојно.

Ловење[уреди]

Го ловат заради бивните, маста и кожата. Тоа e често животно во поларните области.

Наводи[уреди]

  1. Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М.. уред. „Mammal Species of the World“ (Трето издание издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14001024. 
  2. Lowry, L., Kovacs, K. & Burkanov, V. (IUCN SSC Pinniped Specialist Group) (2008). „Odobenus rosmarus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 22 March 2009. Database entry includes a brief justification of why this species is of data deficient

Надворешни врски[уреди]