Модра ветрушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Модра ветрушка
Мажјак (десно), женка (лево), младенче (одзади, лево)
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Фамилија: Соколи
Род: Сокол
Вид: Модра ветрушка
Биномен назив
Falco vespertinus
Linnaeus, 1766
Синоними

Falco vespertinus vespertinus Linnaeus, 1766

Модрата ветрушка (Falco vespertinus), е птица-грабливка. Припаѓа во редот на соколовидните птици, фамилија соколи. Оваа птица се сретнува во источна Европа и Азија, но станува сè поретка поради недостаток на живеалишта и ловот. Оваа птица ја има и во Македонија.

Модра ветрушка (машко)
Модра ветрушка (женско)
Falco vespertinus- јајце

Опис[уреди]

Ова е птица со средна големина. Машкото е сивкастосино, освен нозете и делот под опашката кои се црвени. Женката има сив грб и крилја, портокалова глава и стомак, и бело лице со црни ленти кај очите. Младите се кафеави одозгора, а светложолти одоздола со темни ленти, и лице како кај женката. Модрата ветрушка е долга од 28 до 34 см со распон на крилја од 65 до 75 см.

Исхрана и размножуавње[уреди]

Оваа птица се храни со поголеми инсекти, но истотака и со помали цицачи и птици. Модрата ветрушка се размножува во колонии, и употребува едно гнездо повеќепати. Снесува од 2-4 јајца. Животниот век ѝ е од 13 до 25 години во дивината, и околу 18 во заробеништво.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]