Модар дрозд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Модар дрозд
Мажјак M. solitarius philippensis
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Муварчиња
Род: Monticola
Вид: Модар дрозд
Биномен назив
Monticola solitarius
(Linnaeus, 1758)

Модриот дрозд (науч. Monticola solitarius) е птица од фамилијата на муварчињата (Muscicapidae), која порано беше сместена во фамилијата на дроздовите (Turdidae).

Распространетост[уреди]

Оваа птица се размножува низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, северозападна Африка, како и од централна Азија до северна Кина и Малезија. Европските, северноафриканските и јужноазиските птици обично се постојани жители, ако се изземат преселбите на кратки растојанија (од повисоките во пониските предели и сл.), а останатите азиски популации се преселници, кои зимуваат под Сахара, во Индија и југоисточна Азија. Овие птици се ретки посетители на северна и западна Европа.

Опис[уреди]

Големината на овие птици е колку сколовранците. Имаат должина од 21 до 23 см и имаат долг, тенок клун. Мажјакот, летно време е непогрешлив со своите модри пердуви на горниот дел, вратот и главата, темните крилја и ’рѓапортокалов стомак. Женките и младенчињата не се толку живописни, тие се темно кафеави одозгора и светло кафеави одоздола. И кај двата пола, на горниот дел од опашката го нема портокаловото како кај карпестиот дрозд.

Однесување[уреди]

Пеењето на модриот дрозд е слично како на карпестиот, чисто, мелодично, но е погласно. Животната средина на оваа птица се отворените планински предели, обично малку повисоко од карпестиот дрозд. Се храни со широк спектар инсекти и мали влекачи, а по потреба и со бобинки и семиња. Гнездото го прави во шуплините на карпите и гребените. Обично несат 3-5 јајца.

Во културата[уреди]

Модриот дрозд е национална птица на Малта и ја имаше на малтешката 1 лира, која беше дел од претходната валута на земјата.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]