Карпест дрозд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карпест дрозд
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Муварчиња
Род: Карпест дрозд
Вид: Карпест дрозд
Биномен назив
Monticola saxatilis
(Linnaeus, 1766)
Мажјак (во средина), женка (долу), младенче (горе)1905 handbook.
Дрозд камењар-Марка.jpg

Карпест дрозд или дрозд камењар (науч. Monticola saxatilis) — птица која припаѓа на фамилијата муварчиња (Muscicapidae), порано сместена во дроздовите (Turdidae).

Распространетост[уреди]

Се размножува низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, преку централна Азија, до северна Кина. Таа е исклучиво птица преселница која зимува јужно од Сахара.

Редок посетител е на северна Европа. Нејзиниот опсег се симнал надолу, кон југ, најверојатно заради уништувањето на животната средина. На пример, во почетокот на 20 век, таа се размножувала во Полска, каде денес ја нема,[2] но, нејзината популација не е загрозена на глобално ниво.[1]

Опис[уреди]

Карпестиот дрозд е средно голема птица, но крупен дрозд, кој е долг 17-20 см. Летно време мажјакот е непогрешлив. Тогаш има синосива глава, портокалов е одоздола и на надворешниот дел од опашката, иам темно кафеави крилја и бел грб.

Женките и младенчињата не се толку впечатливи. Тие одоздора се крлушесто темно кафеави, а одоздола светло кафеави. Надворешниот дел од опашката е црвенкав, како кај мажјаците.[3]

Однесување[уреди]

Оваа птица се размножува во отворени, суви планински предели, обично под 1500 метри надморска височина, а во појужните краишта и до 3000 метри. Таа е сештојад и се храни со широк спектар инсекти, бобинки и мали влекачи.

Песната на карпестиот дрозд е јасна и милозвучна.[3] На местата на гнездење, може да се слушне пеењето на мажјакот како звук на флејта, дури и во лет.

Гнездото го градат во пукнатините на карпите, во пештери или на испакнатите делови од гребените, на височина и до 7 метри. Некои парови гнездата ги прават на земја. Несат 4-6 јајца кои ги лежи женката во период од 14 до 16 дена. По околу 14 дена младенчињата го напуштаат гнездото, но родителите ги хранат уште две недели. Потоа, тие се растураат и живеат сами до следната сезона на парење.


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Monticola saxatilis. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106006290. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Tomek, Teresa & Bocheński, Zygmunt (2005): Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland. Acta zoologica cracoviensia 48A(1-2): 43-65. PDF fulltext
  3. 3,0 3,1 Clement, Peter & Hathaway, Ren (2000): Thrushes. Christopher Helm, London. ISBN 0-7136-3940-7

Надворешни врски[уреди]