Меркаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Видението на Езекиел“, од Матеус Меријан (1593-1650).

Меркаба (מרכבה = „триумфална кола“) — симбол во старозаветната Книга на Езекиел (1:4-26) кој се однесува на триумфалната кола на Господ, возило со четири тркала кое го влечеле четири животни, а секое животно имало по четири крилја и четири лица.

Библиската меркаба[уреди]

Тркалото на Езекиел, фреска од 19 век, од црквата „Св. Јован Крстител“ во Кратово.

Според текстот за Езекиел, меркаба е кочија направена од многу ангели, а управувана од „Оној налик на човек“. Основниот облик на кочијата е составен од четири ангели. Нивните тела се налик на човечките, но секој од нив има по четири лица, кои се свртени кон четирите правци: север, југ, исток и запад. Едното лице е човечко, второто е на лав, на вол (подоцна изменето во херувим), и лице на орел. Секој од овие ангели има по четири крила. Под овие четири ангели, има други ангели кои формираат тркала, и не ги допираат стапалките на горните ангели. Ангелот со лице на човек е секогаш свртен кон исток и гледа кон „Оној налик на човек“ кој ја вози кочијата, а кој седи на трон нарпавен од сафири.

Библијата подоцна споменува трет вид на ангели поврзан со меркаба, наречени серафим (со буквално значење „огнен“). Овие ангели се појавуваат како искри од оган, и тие ја движат кочијата. Според хиерархијата, овие ангели се од највисок степен, најблиску до Господ. Кочијата е во постојана состојба на движење.

Наводи[уреди]