Кочија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хансомка со кочијаш, Лондон, 1900-тите
Резбана, сликана и позлатена кочија за крунисување на Катерина Велика (Ермитаж)

Класичната дефиниција за кочија е возило со коњска влеча за приватни лица со полуелиптична амортизација (елиптични пружини во 19-тиот век) или кожни ремени за амортизација кои можат да бидат лесни брзи и практични или пак големи и удобни.

Влечно возило без пружини се нарекува кола.

Историја на кочиите[уреди]

Во средниот век сите патници или оделе или јавале, освен старите и немошните. Патот со грубите коли не бил лесен. Затворените кочии почнале да се користат од аристократијата во 16-тиот век. Во 1601 во Англија за кратко време дури и постоел закон во кој се забранува мажи да се возат во кочии, бидејќи тоа се сметало за женствено. Возила со подобра амортизација се појавиле во 17-тиот век. Нови, полесни возила со модерен изглед иу засебни називи се впуштиле во меѓусебна конкуренција кон средината на 18-тиот век. Изработувачите на кочии соработувале со резбари и позлатувачи, сликари и лакери како и со глазери и тапацири за изработка на лесни, брзи и удобни возила за забава и покажување.

Кај британските и француските кочии, кочијашот седел на издигнато седиште напред. Во Шпанија пак, кочијашите ги јавале коњите.

Од 1860-тите богатите престанале да ги користат кочиите за долги патишта: купе од прва класа била брза и современа алтернатива. Потоа, во 1890-тите, како што автомобилите почнале да се користат, кочијаштвото станал спорт за високите класи во Британија и Америка каде богатите луќе се тркале со големи кочии кои обично би биле возени од кочијаши.

Типови на кочии[уреди]

Постоеле голем број на видови на кочии. Кон средината на 18-тиот век имало повеќе од 325 вида. Веќе на почетокот на 19-тиот век кочиите се бирале не само по нивните перформанси и пратична употреба, туку и како статусни симболи кои се менуваат со модата. Еве некои видови:

Кралски кочии[уреди]

Збирки на кочии[уреди]

Извори[уреди]

  • Sallie Walrond, Looking at Carriages
  • Arthur Ingram, Horse Drawn Vehicles since 1760 in Colour, Blanford Press 1977.