Меколи Калкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меколи Калкин
Роден(а) 26 август,1980
Менхетн,Њујорк (град),САД
Занимање актер,музичар
Сопруг(а/и) Рејчел Минер (1998–2002)

Меколи Карсон Калкин(анг. Macaulay Carson Culkin) (роден на 26 август 1980) е Американски актер кој се прослави со улогата на Кевин МекКалистер анг.Kevin McCallister) во филмот Сам дома и во Сам дома 2 : Загубен во Њу Јорк. Тој е исто поѕнат по својте улоги во Ричи Рич, во Вујко Бак, во Мојата Девојка и во музичкиот запис на Мајкл Џексон за песната Црно или бело. Калкин бил рангиран на второто место на топ листата на музичкатаТелевизија Ви-Ејџ-Уан за “100 најдобри детски ѕвезди“ и на топ литата на телевизијата E! за “Топ 50 детски ѕвезди“.

Ран живот[уреди]

Калкин е роден во Менхетн и израснат воЈорквил. Неговиот татко Кристофер Кит Калкин е поранешен актер познат по неговите продукции на Бродвеј, неговата мајка е Патриција Брентруп која никогаш не се омажила за неговиот татко. Тој бил израснат во Католичко Семејство и посетувал Католичко училиште во Јорквил.

Калкин е трето од седум деца, пет машки и две женски : Шејн (роден 1976), Дакота (1978-2008), Киеран (роден 1982), Квин (родена 1984),Кристиан (роден 1987) и Рори (роден 1989). Во неговото детство Меколи и неговата фамилија живееле во мал стан, мајка му работела во телефонска централа а неговиот татко бил клисар во локалкната католичка црква.

Кариера[уреди]

Калкин почнал со глумење на четири месеци. Но тој се здоби со интернационална слава со улогата на Кевин МекКалистер во блокбастер Сам дома (1990) и потоа во 1992 година во продолжението Сам Дома 2.

Приватен Живот[уреди]

Врски[уреди]

Калкин бил оженет со Рејчел Минер во 1998, се разделиле во 2000, а се развеле во 2002 година.

Во 2002 година тој бил во врска со Мила Кунис. Во 2006 год. Меколи живеел во Њујорк , а Кунис во Лос Анџелес. На 3 Јануари,2011 публицистите на Мила Кунис ја потврдиле веста за нивното раскинување.

Од Ноември 2013 калкин е во врска со актерката Џордан Лејн Прајс.

Врска со Мајкл Џексон[уреди]

За време после снимањето на првиот дел на Сам Дома Меколи станал добар пријател со пејачот Мајкл Џексон и се појави на музичкиот спот за песната "Црно или бело". На судењето на Мајкл , Калкин рекол дека спиел во спалната соба на Мајкл но дека Мајкл никогаш не бил сексуално злоставуван од него . Калкин изјавил дека обвинувањата биле смешни. Калкин присуствувал на погребот на Мајкл Џексон.