Сам дома

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќата во филмот
„Сам Дома“
РежисерКрис Колумбус
ПродуцентЏон Хјуџис
СценаристЏон Хјуџис
Главни улогиМекали Калкин
Џо Песци
Даниел Стерн
Џон Херд
Кетрин О'Хара
МузикаЏон Вилијамс
КинематографијаЏулио Макат
МонтажаРаџа Госнел
СтудиоХјуџис Ентертеинмент
Дистрибутер20th Century Fox
ПремиераПредлошка:Filmdate
Времетраење102 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$18 милиони американски долари[1]
Бруто заработка$476,684,675 американски долари[1]

Сам дома (англиски: Home Аlone) — семејна американска комедија од 1990 година, напишана и продуцирана од Џон Хјуџс и режирана од Крис Колумбус. Филмската ѕвезда Меколи Калкин како Кевин МекКалистер, осумгодишно момче, кое по грешка е оставено дома кога неговото семејство лета за Париз за нивниот Божиќен одмор. Додека на почетокот ужива во времето, подоцна ќе биде посетен од двајца несудени крадци, кои ги играат Даниел Стерн и Џои Пеши. Во филмот исто така се истакнуваат Кетрин О’Хара и Џон Херд како родители на Кевин. Почнувајќи од 2009, Сам Дома беше највисоко рангирана комедија на сите времиња.

Дејствие[уреди | уреди извор]

Ноќта пред да полетаат за Париз за Божиќниот одмор, семејството МекКалистер се собира во домот на Питер и Кејт МекКалистер во Винетка, Илиноис. Нивниот осумгодишен син го исмејуваат неговите браќа, сестри и роднини. По една расправија со неговиот постар брат Баз, Кевин е испратен на третиот спрат од куќата, каде што посакува неговото семејство да исчезне. За време на ноќта, алармот се ресетира поради прекин на струја и причинува семејството да преспијат подолго од обично. Во конфузија и брзање да стигнат за нивниот лет на време, го оставаат Кевин и семејството не го воочува тоа сè до моментот кога тие веќе полетуваат. Во Париз, Питер и Кејт очајнички се обидуваат да резервираат лет до дома, но сите летови се резервирани во следните два дена. Службениците ја ставаат Кејт на список на чекање доколку се отвори какво било слободно место. Остатокот од семејството одат во домот на нивните роднини во Париз. Во меѓувреме, Кевин се буди во потполно празна куќа и е пресреќен со својата нова слобода. Тој вежба пукање со неговиот Buz BB пиштол, скока на креветот, гледа гангстер филм, и јаде голема порција брза храна, но случајно неговата Buzz соба се урнува. Пристигнува полицијата од Чикаго за да го провери, но не се во состојба да го најдат и го сметаат повикот на нивните родители како измама. Кевин исто така се справува со неговиот страв од соседот, стариот човек Марли, кој се зборува дека пред многу години го убил своето семејство, и бандитите Хари и Марв, криминалци кои намерно ги поплавуваат домовите што ги ограбуваат. Двајцата криминалци ги ограбува слободните домови во областа и се вперени кон куќата на Кевин. Кевин ги задржува надвор измамувајќи ги со трик дека куќата е населена, но тие на крајот сфаќаат дека Кевин е сам. Кејт добива лет до САД, но завршува во Пенсилванија. Таа се обидува да резервира лет до Чикаго, но повторно сите места се резервирани. Кејт одбива да ја прифати ситуацијата, и Ган Полински , водечки член на полка бенд што патува, ја наслушува нејзината ситуација и и нуди да патува со нив до Чикаго на нивниот пат до Милвоки. Кејт среќно прифаќа. На Бадник, Кевин ги наслушува Хари и Марв додека дискутираат за плановите како да провалат во куќата истата ноќ. Кевин оди во црква и гледа изведба на хор. Веднаш до Кевин седи Марли и тие разговараат; тој воочува дека всушност Марли е пријатна личност и сите гласини во врска со него се лажни. Тој му вели на Кевин дека хорот го гледа бидејќи неговата внука е во него, и никогаш порано не ја гледал бидејќи со својот син не зборува со години откако имале расправија. Кевин го советува да се смири со својот син. Кевин се враќа дома и поставува стапици околу куќата. Хари и Марв провалуваат и предизвикуваат бројни стапици и страдања од изгореници, набивање и еден изгубен заб. Додека тие го затвораат Кевин, тој повикува полиција и бега во соседната куќа која е слободна. Хари и Марв успеваат да го фатат и да разговараат за тоа како ќе се одмаздат. Марли се прикрадува позади нив и ги удира со лопата за снег. Набргу, Хари и Марв се уапсени, но и за повеќе други грабежи, заради навиката на поплавување на Марв. На Божиќ, Кевин е разочаран бидејќи неговото семејство сè уште го нема. Во тој момент слуша како Кејт влегува и го вика, и се гушкаат. Веднаш потоа пристигнува остатокот од семејството МекКалистер, со директен лет од Париз до Чикаго. Кевин молчи за неговата средба со Хари и Марв, иако Питер го наоѓа златниот заб на Хари. Кевин и Баз си простуваат меѓусебно во врска со нивната поранешна расправија. Непосредно, Кевин забележува дека Марли повторно се обединил со неговиот син и неговото семејство. Марли го забележува Кевин и си признаваат еден со друг. Одеднаш Баз извикува: „Кевин, што си направил во мојата соба?“, а Кевин бега.

Настапуваат[уреди | уреди извор]

-Меколи Калкин (англиски: Macaulay Culkin) како Кевин МекКалистер (англиски: Kevin McCallister), најмладиот осумгодишен син во семејството МекКалистер.

-Џо Пеши (англиски: Joe Pesci) како Хари Лајм (англиски: Harry Lyme): водич на „мокрите“ бандити.

-Даниел Стерн (англиски: Daniel Stern) како Марв Мерчантс (англиски: Marv Merchants): високиот член во „мокрите“ бандити.

-Џон Херд (англиски: John Heard) како Питер МекКалистер (англиски: Peter McCallister): таткото на Кевин.

-Кетрин О’Хара (англиски: Catherine O’Hara) како Кејт МекКалистер (англиски: Kate McCallister): мајката на Кевин.

Семејството МекКалистер го претставуваат: Дивин Ратреи како Баз и Мајк Марона како Џеф, браќата на Кевин; Хилари Волф како Меган и Ангела Готалс како Лини, сестрите на Кевин; Гери Баман како Вујко Френк; Тери Снел како Тетка Лесли; братучедите на Кевин ги претставуваат: Џедида Коен како Род, Сента Моусес како Трејси, Дајана Кампану како Сондра, Киран Калкин како Фулер, Ана Слотки како Брук, и Кристин Минтер како Хедер. Во улогите исто така се вклучуваат: Робертс Блосом како постариот сосед на Кевин, Марли; Џон Кенди како Гас Полински, „Полка кралот од Средниот Запад“; Лери Ханкин како Лери Балзак, полициски наредник кој работи во семејни кризи; и Кен Хадсон Кемпбел како Дедо Мраз.

Продукција[уреди | уреди извор]

Сам Дома најпрво беше дело на Ворнер Брос (англиски: Warner Bros.), кога проектот го презема 20th Century Fox буџетот се зголеми од 14 милиони долари на 17 милиони долари. Најголем дел од „Сам Дома“ е снимен во Чикаго. Други снимки, како што се оние во Париз, се или акциони снимки или измама. Сцените во аеродромот Орли се всушност снимени на еден дел од меѓународниот аеродром О’Харе во Чикаго. Сцената кога Кевин пробива низ поплавениот подрум и се обидува да ги надмудри разбојниците е снимена во базенот во средното училиште Њу Триер. Беше ставена макета од МекДонел Даглас бизнис класата во училиштето на игралиштето за кошарка. Некои сцени беа снимени во куќа која се наоѓа на Линколн Авенија во селото Винетка. Кујната во филмот е снимена во куќата, заедно со главните скали, подрум и повеќето од првиот кат. Трпезаријата и сите долни соби (со исклучок на кујната) се изградени на музичка сцена. Куќата била изградена во 1921 и има пет спални соби, целосен таван, самостојна двојна гаража и стаклена гаража. „Куќичката на дрво„ на Кевин била изградена во дворот специјално за филмот и урната по завршувањето на фотографирањето. Во Мај 2011, куќата била на продажба за 2.4 милиони долари и продадена во март за 1.585 милиони долари. Куќата е промовирана како туристичка атракција и цитирана како пример како да изгледа една куќа во филмовите.

Музика[уреди | уреди извор]

Музиката во филмот е компонирана од Џон Вилиамс. Божиќните песни, како “O Holy Night” и “Carol of the Bells”, се видно истакната во филмот, како и песната на филмот “Somewhere in My Memory”. Тонскиот запис бил објавен од страна на Сони Класикал во 1990.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Home Alone (1990)“. Box Office Mojo. Посетено на November 19, 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: