Metacritic

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Metacritic
Metacritic logo.png
URL Metacritic.com
Гесло Keeping score of Entertainment.
Комерцијално? да
Тип рецензии
Регистрација слободна
Сопственик CBS Interactive
Пуштено јануари 2001
Котирање на Alexa 2,586
(за септември 2013)[1]
Тековен статус активна

Metacritic е веб страница која дава средна оцена за музички плочи, видео игри, филмови и книги. Оваа страница работи на уникатен принцип. Имено, најпрво собира рецензии од повеќе угледни изданија, а потоа врз основа на нив одредува средна оцена. Потребни се најмалку четири рецензии за да може да се изработи средна оцена.

Оваа страница била основана од Џејсон Диез, Марк Дојл и Џули Дојл-Робертс во 2001 година.[2] Нејзиниот начин на рангирање често пати е споредуван со оној на Rotten Tomatoes, со таа разлика што вторите изработуваат просек само за филмови. Интересно е тоа што во процесот на обработка на податоците, Metacritic ги претвораат оцените во процентни поени (на пример „A“ носи 100 поени; „B-“ е 67 поени итн). Податоците од Metacritic ги користат неколку поважни публикации, меѓу кои и Википедија.

Табела со вредносни поени[уреди]

Опис Видео игри Филмови/ТВ/музика
Општо одобрување 90–100 81–100
Задоволително 75–89 61–80
Средно или просечно 50–74 40–60
Незадоволително 20–49 20–39
Општо неодобрување 0–19 0–19

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]