Марко и Корун разбојник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко и Корун разбојник — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Разбојникот Корун препречил 70 патишта и не пушта никого да помине. Затоа, кралот Појазит (Бајазит) дава проглас дека кој ќе го убие Корун, како награда ќе добие три града: градот Камненица во кој може бесплатно да си го кове коњот; градот Виненица за да бесплатно да си пие вино; и градот Паланка за да си љуби девојки. На прогласот се јавува Крале Марко, кој во појасот си става тајно оружје и тргнува во потрага по Корун. Кога двајцата се среќаваат, Корун му нуди на Марко да се разминат мирољубиво, но Марко одговора дека тој е дојден за борба. Најпрвин започнува борба со коњите, но никој не може да победи, зашто коњите биле браќа и не се убиваат меѓусебно; потоа Марко и Корун се борат со боздоганите и сабјите, но повторно никој не може да победи; најпосле, започнува борба со раце и по три часа, Марко паѓа на земја. Тогаш, самовилата Стојна го потсетува Марко да го употреби тајното оружје, по што тој го вади ножот скиен во појасот и го распорува Корун. Зачуден, Марко гледа дека Корун има 12 срца, а од нив, само едно е будно, додека другите се заспани. Оттука, Марко е пресреќен, свесен дека сигурно ќе бил убиен, ако биле сите Корунови срца будни. Потоа, тој му ја сече главата на Корун и му ја носи на кралот Појазит, добивајќи ја ветената награда.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр.51-53.