Макинли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Макинли
Mount McKinley / Denali
Denali Mt McKinley.jpg
Поглед на северната страна на Макинли
Надм. вис. 6.168 м  (NGVD 29)[1]
Истакнатост 6.144 м[2]
3-та
Заведена како седум врвови, ултра, највисока во земјата
Местоположба
Местоположба на Макинли во Алјаска
Место Национален парк Денали, Алјаска, САД
Венец Алјаски Планини
Координати 63°04′10.2″ СГШ 151°00′26.64″ ЗГД / 63.0695, -151.0074 [3]
Топокарта USGS Mt. McKinley A-3
Искачување
Прво освојување 7 јуни 1913
Хадсон Стак,
Хари Карстенс,
Волтер Харпер
и Роберт Тејтум
Најлесна патека по Западниот Потпорник (искачување по ледник/снег)
Хадсон Стак и Хари Карстенс — водачи на првото успешно искачување на Макинли во 1913 г.

Макинли (англиски: Mount McKinley) или Денали (којуконски: Denali = „Висока“)[4] — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво.[5] Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаските Планини, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Наречена е по Вилијам Макинлипретседател на САД од 1897 до 1901 г.

Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[6]

Геологија и особености[уреди]

Планината е гранитен плутон која се издигнала поради тектонски притисок од Тихоокеанската и Северноамериканската Плоча, истовремено одронувајќи таложен материјал над и околу планината.[7] Силите што ја создале планината предизвикале и многубројни силни земјотреси во Алјаска и на Алеутските Острови. Денес Тихоокеанската Плоча е сеизмички активна под планината.[8]

Поглед на јужната страна на планината

Со висина од 6.168 м, Макинли е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето.[5] Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м).[9] (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Макинли[10] Сепак, Макинли има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеа (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.[11]

Врвови и ледници[уреди]

Макинли има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м[7] и топографска истакнатост од околу 387 м.[12] Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.

По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).[13][14]

Искачување[уреди]

Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век.[15] Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн,[6] по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.

Околни планини[уреди]

Источната страна на Макинли гледана од Националниот парк Денали

Во околината на Макинли се наоѓаат следниве планини:

  • Форакер
  • Силвертрон
  • Хантер
  • Хантингтон
  • Дики
  • Лосов Заб (Мусес Тут)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Херц, Натаниел. „Со новиот премер, надморската височина на Макинли се намалува за 80 стапки (24,4 м)“, 11 септември 2013 (конс. 11 септември 2013). (англиски)
  2. „Макинли, Алјаска“. Peakbagger.com. http://www.peakbagger.com/peak.aspx?pid=271. конс. 1 февруари 2010.  (англиски)
  3. „Mount McKinley“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. http://geonames.usgs.gov/pls/gnispublic/f?p=gnispq:3:::NO::P3_FID:1414314. конс. 20 јануари 2010.  (англиски)
  4. „Денали“ важи како официјално само во Алјаска. Сојузната влада го признава единствено името „Макинли“ (Monmonier, Mark (1995). „Drawing the Line: Tales of Maps and Cartocontroversy“. Henry Holt and Company. стр. 67. ISBN 0-8050-2581-2. http://books.google.com/books?id=B-_SGLEO954C&pg=PA67. конс. 22 јануари 2013. )
  5. 5,0 5,1 Helman, Adam (2005). „The Finest Peaks: Prominence and Other Mountain Measures“. Trafford. стр. 9. ISBN 1412236649. 
  6. 6,0 6,1 Roberts, David (април 2007). „The Geography of Brad Washburn (1910-2007)“. „National Geographic Adventure“. http://www.nationalgeographic.com/adventure/mountaineering/bradford-washburn.html. конс. 4 март 2013. 
  7. 7,0 7,1 Бриз, П. (мај 2003). „Гео-ЧПП бр. 1 — Општи геолошки особености“. Служба за национални паркови на САД. http://www.nps.gov/dena/upload/Brief%20Geology%20of%20Mt.pdf. конс. 17 март 2013.  (англиски)
  8. Хенсон, Роџер А.. „земјотресно и сеизмичко набљудување на Националниот парк Денали“. Служба за национални паркови на САД. стр. 23–25. http://www.nps.gov/akso/nature/science/ak_park_science/PDF/2006Vol5-1/Earthquake-Monitoring.pdf. конс. 17 март 2013.  (англиски)
  9. Кларк, Лисл (2000). „NOVA: Преживување на Денали — Мисија“. „NOVA“. Public Broadcasting Corporation. http://www.pbs.org/wgbh/nova/denali/expedition/mission.html. конс. 7 јуни 2007. 
  10. . Mount Everest [карта], 1:50.000. Картографија: Bradford Washburn. (1991) ISBN 3-85515-105-9. Изготвена за Научниот музеј во Бостон, Швајцарскиот фонд за алпски истражувања и Националното географско друштво
  11. „Планини: Највисоки точки ан Земјата“. National Geographic. http://science.nationalgeographic.com/science/earth/surface-of-the-earth/mountains-article/. конс. 17 март 2013.  (англиски)
  12. „Mount McKinley-North Peak, Alaska“. Peakbagger.com. http://www.peakbagger.com/peak.aspx?pid=270. конс. 18 март 2013.  (англиски)
  13. „Национален парк Денали“. AreaParks. http://denali.areaparks.com/parkinfo.html?pid=7821. конс. 18 март 2013.  (англиски)
  14. „Национален парк Денали“. PlanetWare. http://www.planetware.com/tourist-attractions-/denali-national-park-us-ak-dp.htm#US-AK-MM. конс. 18 март 2013.  (англиски)
  15. Гликман, Џо. „Човекот против Големата“, „New York Times“, 24 август 2003 (конс. 25 септември 2010). (англиски)

Надворешни врски[уреди]