Босанскохерцеговски Македонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонци во Босна и Херцеговина
Вкупен број
1,596[1]
(според пописот од 1991)
Подрачја со значајно население
Сараево, Бања Лука
Јазици
македонски, босански, хрватски
српски, српскохрватски
Вероисповед
претежно православие
Сродни народи

Македонците во Босна и Херцеговина, познати и како Босанскохерцеговски Македонци или само Босански Македонци, се малцинство коe живеe во Република Босна и Херцеговина.

Според последниот попис од 1991 година, во таа држава живееле 1,596 Македонци.[2] Денешниот број на Македонците кои живеат во БиХ е непознат.

Историја[уреди | уреди извор]

Македонците почнаа да се доселуваат во територијата на денешна БиХ при почетокот на XX век.[1]

Нов бран на Македонци следувал во периодот по Втората светска војна, кога двете држави, Босна и Херцеговина и Македонија биле дел од новата СФРЈ.[2]

Македонците претежно се доселиле во градовите, како Бања Лука, Сараево, Зеница, Бијељина, Добој, Дервента, Мостар, Зворник, Приедор и други места.[1]

Организации[уреди | уреди извор]

Македонците во БиХ имаат формирано две организации, првата беше формирана во Сараево во 1992 година. Другата, Асоцијацијата на Македонците во Република Српска, беше формирана во 2002 и е сместена во Бања Лука.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Makedonci (in Bosnian/Serbian/Croatian). National minorities in Bosnia and Herzegovina Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „nmbih“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 Sve o nacionalnim manjinama u BiH Архивирано на 23 март 2012 г. Page 74. Human Rights Office Tuzla. (in Bosnian/Serbian/Croatian)
  3. Association of National Minorities of the Republic of Srpska Association of National Minorities of the Republic of Srpska. (in Bosnian/Serbian/Croatian)