Луковдол
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Податотека:Lukovdol.jpg
Поглед на Луковдол
Луковдол (хрв. Lukovdol) е мало село во североисточниот дел на Горски Котар, Хрватска, околу километар ипол јужно од границата со Словенија. Зафаќа површина од 5.91 km². Според податоци од 2001 во местото живеат 157 луѓе; населението е распределено на околу 60 домаќинства: 47.8% се жени и 52.2% мажи. Локалното стопанство го сочинува сточарството, дрвопреработувачката и текстилната индустрија. Ова е родно место на најпознатиот хрватски поет Иван Горан Ковачиќ. Секоја година, на 21 март покрај неговата родна куќа се одржува поетската манифестација Горанова пролет (Goranovo proljeće)
