Ленцов закон
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ленцовиот закон ја определува насоката на електромоторната сила (ЕМС) и електричната струја кои се резултат од електромагнетна индукција. Законот всушност дава физичка интерпретација на знакот на Фарадеевиот закон за индукција, индицирајќи дека промената на флуксот и индуцираната ЕМС имаат спротивен знак. Законот бил формулиран од Хајнрих Ленц во 1834.
Ленцовиот закон е специјален случај на Принципот на Лешателје кој вели дека секоја промена во рамнотежата предизвикува спротивна реакција од афектираниот систем.
[уреди] Дефиниција
- Да претпоставиме дека одреден напон се генерира во затворено кружно коло поради промена на магнетното поле (според Фарадеевиот закон. Тогаш, струјата асоцирана со овој напон ќе тече во насока во која ќе создава магнетен флукс обратен од променливиот флукс кој ја создава.
