Хајнрих Ленц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајнрих Ленц

Хајнрих Фридрих Емил Ленц (12 февруари 1804 - 10 февруари 1865) бил германски физичар најпознат по формулирањето на Ленцовиот закон во 1833 година.

Ленц е роден во Дорпат (Тарту) во Ливонија, денешна Естонија. По завршувањето на средно училиште во 1820 г., Ленц студирал хемија и физика на Универзитетот во Дорпат. Патувал и со Ото фон Котцебуе на неговата трета експедиција околу светот од 1823-1826 г. На патувањето Линц ги проучувал климатските услови и физичките особини на морската вода. По патувањето, почнал да работи на Универзитетот во Санкт Петербург, Русија, кајшто подоцна станал и декан на факултетот за математика и физика од 1840-1863 година, и ректор од 1863 до својата смрт во 1865 година. Започнал да го изучува електромагнетизмот во 1831 година. Покрај законот кој е наречен во негова чест, Ленц независно го има откриено и Џуловиот закон во 1842 г., поради што и понекогаш се нарекува Џул-Ленцов закон.

Умрел во Рим, откако доживеал инфаркт.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]