Латродектизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Латродектизам
Црна вдовица (Latrodectus mactans), предизвикувач на латродектизам
СпецијалностУргентна медицина Уреди на Википодатоците

Латродектизам (англиски: Latrodectism) е клинички синдром на труење предизвикан од невротоксичниот отров латротоксин (latrotoxin), што може да биде инјектиран при каснување од кој било пајак што припаѓа на родот Latrodectus, во фамилијата Theridiidae.

Најпознати членови на родот Latrodectus се пајакот "црна вдовица" (L. mactans), австралискиот "црвеногрбен пајак" (L. hasselti), "кафеавата вдовица" (L. geometricus), "европската црна вдовица" (L. tredecimguttatus) и "катипо пајакот" (L. katipo).

Труење[уреди | уреди извор]

Отровот се шири брзо низ целото тело и дејствува така што предизвикува ослободување на невротрансмитери на ацетилхолин, норадреналин, и гама-аминомаслена киселина. Ослободувањето на овие невротрансмитери доведува до клинички манифестации на труење.[1]

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите се појавуваат во три главни фази: фаза на егзацербација, фаза на дисипација и резидуална фаза.

Фаза на егзацербација (влошување)[уреди | уреди извор]

Во текот на првите 24 часа по каснувањето се појавува:

Во некои ретки и екстремни случаи, можат да настанат тешки компликации:

Симптоми што можат да се појават на раната или во близина на раната:

Фаза на дисипација[уреди | уреди извор]

Во текот на првите 1-3 дена по каснувањето:

  • симптомите почнуваат да се намалуваат.

Резидуална фаза[уреди | уреди извор]

Во текот на следните неколку недели или месеци:

  • мускулни грчеви, трнење, нервоза и слабост. Постои потенцијален ризик од парализа.

Смртност[уреди | уреди извор]

Иако е познато дека имало тешки симптоми, како што се шок и кома, случаите на смрт поради латродектизам се ретки. Малите деца се чини дека се изложени на најголем ризик од смртоносното каснување, што веројатно се должи на нивната помала телесна маса.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Meier J, White J, уред. (1995). Handbook of clinical toxicology of animal venoms and poisons. CRC Press. ISBN 0-8493-4489-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори