Кривично право

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Терминот кривично право, понекогаш наречен казнено право, се однесува на некој од разните правилници во различни судски надлежности чија заедничка карактеристика е потенцијалот за единствени и, често, тешки казни за непочитување. Кривичната казна, во зависност од прекршокот и судската надлежност, може да вклучува погубување, одземање на слободата, владин надзор (условен отпуст) или парични казни. Постојат и архетипски прекршоци, како убиството, но делата кои се забранети не се целосно усогласени со различните кривични законици и дури во одредени законски линии може да бидат нејасни бидејќи граѓанските прекршоци, исто така, може да бидат повод за кривични последици. Типично, кривичното право го спроведува владата, за разлика од граѓанското право кое може да се спроведе од приватни лица.

Историја на кривичното право[уреди]

Првите цивилизации, општо гледано, не правеле разлика помеѓу граѓанското и кривичното право. Првите напишани законици биле направени од Сумерите. Околу 2100-2050 п.е. Ур-Наму, Нео-Сумерискиот крал на Ур, го донесол најстариот пишан правен законик чиј текст бил откриен, Законик на Ур-Наму,[1] иако се знае дека претходно постоел законик на Урукагина на Лагаш. Друг важен ран законик бил Законикот Хамураби, кој го создал јадрото на Вавилонското право. Овие рани правни законици не ги одделувале казненото и граѓанското право.

Приказ на кривично судење во 1600-тите години, за сомнителна вештица..

Коментарите на Гај за Законот на дванаесетте таблици, со слично значење, исто така, ги комбинирале граѓанските и кривичните аспекти, сметајќи го деликтот или furtum за кривично дело. Нападот или насилната кражба биле аналогни на бесправно влегување на туѓ имот. Прекршувањето на таквите закони создало обврска кон законот или vinculum juris исполнувана со плаќање парична компензација или оштети.

Првите знаци на модерно разликување на кривичните и граѓанските прашања се појавиле за време на Норманската инвазија на Англија.[2] Специјалната идеја за кривична казна, барем што се однесувало на Европа, се појавила кај шпанскиот доцен сколастицизам (види Алфонсо де Кастро), кога теолошката идеја за Божја казна (poena aeterna), која се изрекувала само за кривична намера, прво била внесена во црковното право и, на крајот, во секуларното кривично право.[3] Развојот на раздавањето правда од државата во судница јасно испливало во осумнаесеттиот век кога Европските земји почнале со одржување полициски служби. Од тука, кривичното право ги конкретизирало механизмите за стапување во сила, што му овозможило развој како забележлив ентитет.

Кривични санкции[уреди]

Кривичното право се разликува по особено сериозните можни последици или санкции за непридржување кон неговите правила. Секое кривично дело е составено од кривични елементи. Во некои судски надлежности, за најсериозните прекршоци може да се досуди смртна казна. Може да се досуди и Физичка казна, како камшикување или тепање, иако овие казни се забранети во поголемиот дел од светот. Лицата може да бидат затворени во казнено-поправен дом или во затвор под разни услови во зависност од судската надлежност. Затворот може да биде самица. Должината на затворањето може да варира од еден ден до цел живот. Може да се досуди владин надзор, вклучувајќи домашен притвор, и од осудениците може да се побара да се согласат со прецизираните директиви како дел од режимот за условен отпуст. Исто така, може да се досудат и парични казни, при што од осуденикот за кривично дело се одземаат пари или сопственост.

За стапување насила на кривичниот закон со казни, широко прифатени се пет цели- рехабилитација и обештетување. Судските надлежности се разликуваат според важноста со која треба да се доделат.

Казна - Криминалците треба да страдаат на некој начин. Тоа е најраспостранета цел. Криминалците имаат несоодветна предност или нанесле неправедна штета врз другите и според тоа кривичното право ќе ги стави криминалците во незгодна положба за да ги „урамнотежат скалилата“. Луѓето се покоруваат на законот за да го добијат правото да не бидат убиени и ако ги прекршат овие закони, тие ги предаваат правата кои им се предвидени со законот. Така, оној кој убива може самиот да се убие. Теорија поврзана со ова ја опфаќа идејата за „исправање на размнотежата“.

Застрашување - Индивидуалното застрашување е насочено кон одреден злосторник. Целта е да се досуди доволна казна за да се спречи престапничкото однесување на злосторникот. Општото застрашување е насочено кон општеството во целост. Со досудување казна на оние кои прават прекршок, другите лица се обесхрабруваат да направат такви прекршоци.

Лишување од право- Создадено е едноставно за да ги чува криминалците подалеку од општеството, за јавноста да биде заштитена од нивното лошо однесување. Денес, ова често се постигнува со затворски казни. Смртната казна или протерувањето служат за истата цел.

Рехабилитација - Со цел да го претвори злосторникот во ценет член на општеството. Првичната цел е да спречи понатамошни прекршоци преку убедување на злосторникот дека неговото однесување било погрешно.

Обештетување - Ова е теорија на казнување е насочена кон жртвата. Целта е да се поправи, преку државната власт, секоја штета направена врз жртвата од злосторникот. На пример: оној кој ќе проневери ќе треба да ја исплати сумата која ја добил несоодветно. Обештетувањето често се комбинира со други главни цели на кривичното право и е тесно поврзано со концепти од граѓанското право.

Судски надлежности во кривичното право[уреди]

Меѓународно право[уреди]

Јавното меѓународно право сè повеќе се занимава со криминално однесување, кое е доволно гнасно и ужасно за да влијае врз цели општества и региони. Развојниот извор на современото меѓународно кривично право биле Нирнбершките судења по Втората светска војна во кои водачите на нацизмот биле судски гонети за нивното учество во геноцид и суровост низ Европа. Нирнбершките судења го обележале почетокот на кривична вина за лица, каде лицата кои дејствувале во корист на владата биле судени за прекршување на меѓународното право без корист од неограничениот имунитет. Во 1998 год. во Статутот на Рим бил основан Меѓународен кривичен суд.

Одбрани кривични права[уреди]

Многу закони стапуваат насила преку закана од кривична казна и нивните поединости може многу да варираат од место во место. Целиот свет на кривичното право е преголем за да може паметно да се разгледа. Како и да е, следат некои од најпознатите аспекти на кривичното право.

Елементи[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Елемент (криминал).

Кривичното право главно забранува непосакувани дела. Оттука, доказот за злосторство бара доказ за некакво дело. Научниците го означуваат ова како потреба од actus reus или кривичен акт. Некои кривични дела, особено современите регулативни прекршоци, не бараат и тие се познати како прекршоци со објективна одговорност. Како и да е, заради можните тешки последици од кривичната пресуда, судиите од обичајното право, исто така, бараат и доказ за намерата да се направи нешто лошо, mens rea или кривична намера. Кај злосторствата за кои е потребно и actus reus и mens rea, судиите заклучиле дека елементите треба да се присутни во точно ист момент и не е доволно ако се случиле последователно во различно време.[4]


Actus reus[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Kривичен акт.
Податотека:LCJ-Court-1886.jpg
Англиска судница во 1886 год. со која заседава главниот судија лорд Колериџ.

Actus reus е латински назив за „кривичен акт“ и е физички елемент за извршување злосторство. Може да се изврши со дело, со закана за дело или, некогаш, со неуспешно дело. На пример: делото кога А го напаѓа Б може да е доволно или кога родителите не му даваат храна на детето, исто така, може да обезбеди actus reus за злосторството.

Кога actus reus е неуспешно дело, тогаш мора да постои обврска. Обврската може да произлезе од договор,[5] доброволно ветување,[6] крвна врска со оној со кој живее[7] и, повремено, со службената позиција која ја има.ref>R v. Dytham [1979] QB 722, where a policeman on duty stood and watched three men kick another to death.</ref> Обрвска, исто така, може да произлезе од сопствената замисла за опасна ситуација.[8] Повремени извори на обврска на сведоците на несреќни случаи во Европа и Северна Америка се добрите самариќански закони, кои може да прогласат за противзаконско ако не му се помогне на некој кој е во опасност (на пр: на дете кое се дави).[9]

Actus reus може да се неутрализира со отсуство на причинување. На пример: злосторство опфаќа повреда на лице, делото на лицето мора да биде ако не причина и непосредна причина за повредата.[10] Ако постои повеќе од една причина (на пр: ако штетата е од страна на повеќе од еден злосторник) делото мора да има „повеќе од мала или безначајна врска“ со штетата.[11]

Причинувањето не е прекинато само затоа што жртвата е особено ранлива. Ова е познато како правило на чувствителност.[12] Меѓутоа, може да се прекрши со посредувано дело (novus actus interveniens)од трето лице, со самото однесување на жртвата[13] или со друг непредвидлив настан. Грешка во медицински третман, типично, нема да го прекине ланецот, освен ако грешките се толку големи што може да предизвикаат смрт.[14]

Mens rea[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кривична намера.
Англискиот измислен лик Робин Худ имал mens rea за да ги ограбува богатите и покрај неговите добри намери да даде на сиромашните.

Mens rea е уште една латинска фраза што значи „кривична намера“. Кривична намера значи намера да се изврши некое незаконско дело. Намерата во кривичното право се разликува од мотивот на лицето. Ако г. Худ краде од богатиот г. Нотингем, бидејќи неговиот мотив е да ги дава парите на сиромашната г-ца Мериен, неговите „добри намери“ не ја менуваат неговата криминална намера да изврши кражба.[15]

Понизок праг на mens rea се исполнува кога обвинетиот признава дека делото е опасно, но сепак одлучува да го изврши. Тоа е непромисленост. На пример: ако В истури гасомер на ѕид за да ги земе парите што се внатре, а притоа знае дека запалив гас ќе влезе во куќата на соседите, може да е одговорен за труење.[16] Судовите често земаат предвид дали извршителот ја препознал опасноста или, алтернативно, требал да го препознае ризикот.[17] Се разбира, потребата од тоа лицето да треба да препознае опасност (иако не ја препознал) е иста со уништувачката намера како потреба. На овој начин, важноста на mens rea се намалила во некои области на кривичното право.

Според незаконитоста на намерата варира сериозноста на прекршокот. Убивање извршено со посебна намера да се убие или со свесно препознавање дека последицата ќе е смрт или тешка телесна повреда, е убиство, додека убивање со невнимателни дела без таква свест може да биде убиство без умисла.[18] Од друга страна, не е важно кој всушност настрадал во делата на обвинетиот. На пример: доктрината за пренесена умисла значи дека ако некој човек има намера да нападне некого со својот ремен, а ременот отскокне и удри друг човек, mens rea се пренесува од целта на човекот кој всушност бил нападнат.[19]

Објективна одговорност[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Објективна одговорност.

Објективната одговорност може да се објасни како „ако не“ причина за прекршок од страна на обвинетиот.„Ако не“ било дејството или последицата која предизвикала прекршок, немало да се случи ништо лошо. Лоша намера не е потребна за сите злосторства и, алтернативно, потребниот праг на вина може да биде намален. На пример: може да е доволно да се покаже дека обвинетиот делувал небрежно, а не намерно или избрзано. Во прекршоци со апсолутна одговорност, настрана од забранетото дело, може да нема потреба ништо да се покаже дури и кога обвинетиот нема да се смета за виновен. Повеќето прекршоци со објективна одговорност се создадени со статут, како прекршоците на Законикот за сообраќај и патишта.

Фатални прекршоци[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Убиство“ и „Убиство од небрежност.

Убиство, општо кажано, е незаконско убивање. Незаконското убивање е најверојатно дело кое е најчеста цел на кривичното право. Во многу судски надлежности, кривичното дело убиство е поделено на повеќе степени на сериозност, на пр: убиство од прв степен, врз основа на намерата. Умислата е потребен елемент за убиство. Убиството без умисла е помала варијанта на убиство извршено во отсуство на умисла, предизвикано од разумна провокација или намален капацитет. Недоброволно убиство без умисла, каде што е препознаено, е убиство за кое е потребна најретката виновна намера, невнимателноста. Постојаното лудило е можна одбрана.

Лични прекршоци[уреди]

Многу кривични законици го заштитуваат физичкиот интегритет на телото. Кривичното дело телесна повреда е традиционално разбрано како незаконско допирање, иако ова не ги опфаќа секојдневните потчукнувања и удирања кои луѓето без збор ги дозволуваат како последица на присуство во метеж. Создавањето страв од опасна телесна повреда е напад и може да поттикне и кривична одговорност. Однос без согласност, или силување, е особено страшна форма на телесна повреда.

Прекршоци врз сопственост[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Кривична оштета“, „Кражба“, „Разбојништво“, и „Измама.

Сопственоста често е заштитена со кривичното право. Постои незаконско влегување на туѓ недвижен имот. Многу кривични законици предвидуваат казни за недозволена употреба на туѓа сопственост, проневера, кражба, кои опфаќаат одземање на вредноста на сопственоста. Разбојништво е кражба со употреба на сила. Измама во ВБ е прекршување на Одредбата за измама од 2006 год. со лажно претставување, со неправилно откривање информации или со злоупотреба на положбата.

Соучеснички прекршоци[уреди]

Некои кривични закони ја прогласуваат за противзаконска врската со кривично дело или вмешаноста во криминал кој всушност не се остварува. Некои примери се потпомагање, поттикнување, заговор и обид. Меѓутоа, во Шкотска, англискиот концепт за помагање во недело е познат како одговорност за подмолност и учество.

Одбрана[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Одбрани на кривични дела.

Белешки[уреди]

  1. Kramer, Samuel Noah. (1971) The Sumerians: Their History, Culture, and Character, p.4, University of Chicago ISBN 0-226-45238-7
  2. see, Pennington, Kenneth (1993) The Prince and the Law, 1200–1600: Sovereignty and Rights in the Western Legal Tradition, University of California Press
  3. Harald Maihold, Strafe für fremde Schuld? Die Systematisierung des Strafbegriffs in der Spanischen Spätscholastik und Naturrechtslehre, Köln u.a. 2005
  4. This is demonstrated by R v. Church [1966] 1 QB 59. Mr. Church had a fight with a woman which rendered her unconscious. He attempted to revive her, but gave up, believing her to be dead. He threw her, still alive, in a nearby river, where she drowned. The court held that Mr. Church was not guilty of murder (because he did not ever desire to kill her), but was guilty of manslaughter. The "chain of events," his act of throwing her into the water and his desire to hit her, coincided. In this manner, it does not matter when a guilty mind and act coincide, as long as at some point they do. See also, Fagan v. Metropolitan Police Commissioner [1968] 3 All ER 442, where angry Mr Fagan wouldn't take his car off a policeman's foot
  5. R v. Pittwood (1902) 19 TLR 37 - a railway worker who omitted to shut the crossing gates, convicted of manslaughter when someone was run over by a train
  6. e.g. the partner in Gibbons who was not a blood parent, but had assumed a duty of care
  7. R v. Stone and Dobinson [1977] QB 354, where an ill tended sister named Fanny couldn't leave bed, was not cared for at all and literally rotted in her own filth. This is gross negligence manslaughter.
  8. R v. Miller [1983] 1 All ER 978, a squatter flicked away a still lit cigarette, which landed on a mattress. He failed to take action, and after the building had burned down, he was convicted of arson. He failed to correct the dangerous situation he created, as he was duty bound to do. See also, R v. Santana-Bermudez (2003) where a thug with a needle failed to tell a policewoman searching his pockets that he had one.
  9. On the other hand, it was held in the U.K. that switching off the life support of someone in a persistent vegetative state is an omission to act and not criminal. Since discontinuation of power is not a voluntary act, not grossly negligent, and is in the patient's best interests, no crime takes place. Airedale NHS Trust v. Bland [1993] 1 All ER 821
  10. e.g R v. Pagett [1983] Crim LR 393, where 'but for' the defendant using his pregnant girlfriend for a human shield from police fire, she would not have died. Pagget's conduct foreseeably procured the heavy police response.
  11. R v. Kimsey [1996] Crim LR 35, where 2 girls were racing their cars dangerously and crashed. One died, but the other was found slightly at fault for her death and convicted.
  12. e.g. R v. Blaue [1975] where a Jehovah's witness (who refuse blood transfusions on religious grounds) was stabbed and without accepting life saving treatment died.
  13. e.g. R v. Williams [1992] where a hitchhiker who jumped from a car and died, apparently because the driver tried to steal his wallet, was a "daft" intervening act. c.f. R v. Roberts [1972] Crim LR 27, where a girl jumped from a speeding car to avoid sexual advances and was injured and R v. Majoram [2000] Crim LR 372 where thugs kicked in the victims door scared him to jumping from the window. These actions were foreseeable, creating liability for injuries.
  14. per Beldam LJ, R v. Cheshire [1991] 3 All ER 670; see also, R v. Jordan [1956] 40 Cr App R 152, where a stab victim recovering well in hospital was given an antibiotic. The victim was allergic, but he was given it the next day too, and died. The hospital's actions intervened and absolved the defendant.
  15. R v. Mohan [1975] 2 All ER 193, intention defined as "a decision to bring about... [the actus reus] no matter whether the accused desired that consequence of his act or not."
  16. c.f. R v. Cunningham [1957] 2 All ER 863, where the defendant did not realise, and was not liable; also R v. G and Another [2003 UKHL 50]
  17. previously in the U.K. under Metropolitan Police Commissioner v. Caldwell [1981] 1 All ER 961
  18. R v. Woolin [1998 4 All ER 103]
  19. R v. Latimer (1886) 17 QBD 359; though for an entirely different offense, e.g. breaking a window, one cannot transfer malice, see R v. Pembliton (1874) LR 2 CCR 119

Наводи[уреди]


  • Harwood, Sterling (2000, formerly 1996). „Is Mercy Inherently Unjust?“. „Crime and Punishment: Philosophic Explorations“. Wadsworth Publishing Co., formerly Jones & Bartlett Publishers. 
  • Murphy, Jeffrie, et al. (1990). „Forgiveness and Mercy“. Cambridge University Press. 
  • Smith, K. J. M. (1998). „Lawyers, Legislators and Theorists: Developments in English Criminal Jurisprudence, 1800-1957“. Clarendon Press. 
  • van den Haag, Ernest (1978). „Punishing Criminals: Concerning a Very Old and Painful Question“. Basic Books. 
  • Ormerod, David (2005). „Smith and Hogan: Criminal Law“. Oxford University Press. 

Надворешни врски[уреди]