Кривичен акт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Actus reus (кривичен акт), понекогаш наречен надворешен елемент или објективен елемент на едно кривично дело, е латинскиот термин за "кривичен акт" кој, кога ќе се докаже без основано сомнение во комбинација со mens rea, "кривична намерa", создава кривична одговорност во судските надлежности засновани врз прецедентното право во областа на кривичното право во Канада, Австралија, Индија, Нов Зеланд, Англија, Ирска и Соединетите Американски Држави. Во Соединетите Американски Држави, некои кривични дела исто така бараат придружна околност.

Концепти[уреди]

Термините actus reus и mens rea развиени во Англиското право, се изведени од принципот наведен од Едвард Коук (Edward Coke), имено, actus non facit reum nisi mens sit rea[1], што значи: "актот не го прави човек виновен освен ако и (неговиот) ум не е виновен исто така"; според тоа, општиот тест за вина бара доказ за вина, одговорност или виновност и во однесувањето и во умот.

Акт[уреди]

За да биде извршен actus reus мора да имало некаков акт. Некои судски надлежности со прецедентно право различно го толкуваат актот но општо, акт е телесно движење без разлика дали е намерно или неref>Model Penal Code § 1.13(2)</ref>.Во Робинсон против Калифорнија (Robinson v. California), Шаблон:Ussc, Врховниот суд на Соединетите Американски Држави досуди дека тоа што законот на Калифорнија направи да биде противзаконски да си зависник од дрога беше противуставно бидејќи самиот статус да бидеш зависник од дрога не беше акт а оттаму не и кривичен. Еден акт може да се состои од извршување, неизвршување или поседување.

Неизвршување[уреди]

Види главен натпис: неизвршување (кривично)

Неизвршувањето вклучува неуспех од вклучување во неопходно телесно движење што резултира во повреда. Како и со актите на извршување, и актите на неизвршување повремено можат да бидат објаснети со користење на пристапот Ако не. Ако не се извршил тој акт, повредата немало да се случи. Кривичниот закон експлицитно ги нагласува условите за кривично неизвршување:[2]

  1. според законот што го дефинира кривичното дело, неизвршувањето е јасно доволно само по себе, или
  2. во спротивно законот наложува обврска да се изврши неизвршениот акт.

Така, доколку законодавството преку закон јасно го прогласува за противзаконско неизвршувањето; или обврска што во нормални услови се очекува да се исполни не била извршена и предизвикала повреда, се случило actus reus.

Поседување[уреди]

Поседувањето има посебно место со тоа што е прогласено за противзаконско дело а според прецедентно правото не претставува акт.[3] Некои земји како Соединетите Американски Држави го анулирале заклучокот на прецедентното право во случајот Дугдејл (Dugdale) правно дефинирајќи го поседувањето како доброволен акт. Како доброволен акт, ги исполнува условите за да се утврди actus reus.[4][5]

Доброволност[уреди]

Во овој поглед, улогата на автоматизмот е од големо значење за давање позитивно објаснување за потребата да се демонстрира доброволноста на однесувањето за да се утврди како одговорно. Ова е поткрепено од англискиот случај Хил против Бакстер (Hill v. Baxter), според кој актот мора да биде доброволен за обвинетиот да биде прогласен за виновен. Доброволноста е една од клучните точки во утврдувањето дали било извршено actus reus. Лице што доживува удар прободува некој за да му помогне, тоа не извршило actus reus бидејќи тоа не било доброволен акт. Дефинициите за доброволен и принуден т.е. недоброволен акт се менувале со текот на времето но познавачите на правото развиле тестови со текот на времето. Оливер Вендел Холмс (Oliver Wendell Holmes), во неговата книга од 1881 година Прецедентно право (The Common Law) објаснил дека „Грч не е акт“. Згрчувањето на мускулите мора да биде по волја“. Навистина, Кривичниот закон (Model Penal Code, што се користи од многу земји во Соединетите Американски Држави при создавањето на нивните кривични закони, експлицитно објаснува кои акти се сметаат за недоброволни па според тоа и не за кривични:

  1. рефлекс или грчење;
  2. телесно движење за време на бесвесност или сон;
  3. однесување за време на хипноза или такво што произлегува од хипнотичка сугестија;
  4. телесно движење што во други услови не е производ на напор или одлучноста на чинителот, или свесно или вообичаено.

Доброволноста не го исклучува неизвршувањето бидејќи при неизвршување имплицитно е дека чинителот доброволно избира да не извршува некое телесно движење и на тој начин нанесува повреда. Намерното, невнимателното или небрежното отсуство на акција се смета за доброволен акт и го задоволува условот за доброволност за actus reus.[6][7]

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Забелешки[уреди]

  1. Coke, chapter 1, folio 10
  2. Model Penal Code § 2.01(3)
  3. Regina v. Dugdale, 1 El. & Bl. 435, 439 (1853) (ruled that the mere possession of indecent images with the intent to publish them was not a crime as possession did not constitute an act)
  4. N.Y. Penal Law § 15.00(2)
  5. Model Penal Code § 2.01(4)
  6. Commonwealth v. Pestinkas, 421 Pa. Super. 371 (1992)
  7. People v. Steinberg, 79 N.Y.2d 673 (1992)

Извори[уреди]

  • Coke, Edward (1797). „Institutes, Part III“. 
  • Dubber, Markus D. (2002). „Criminal Law: Model Penal Code“. Foundation Press. ISBN 1587781786. 

Надворешни врски[уреди]